Германскиот репрезентативец Сами Кедира, брзо ја преболе елиминацијата во полуфиналето на Европското првенство во Франција. „Панцирите” беа елиминирани од селекцијата на домаќинот, а играчот на италијанскиот шампион Јувентус, не тагуваше многу, туку замина да се одмори во Грција.Тој беше уловен од страна на папраците како се релаксира на грчкиот остров Миконос со сексапилната бразилска манекенка Адријан Лима. На фудбалерот и манекенката друштво има прават полскиот репрезетативец и член на германскиот Баерн од Минхен, Роберт Левандовски, и неговата сопруга Ана.
Кедира долго време беше во љубов со германската манекенка Лена Гарке, со која раскина минатата година, а Лима пред година дена се разведе од поранешниот српски кошаркар Марко Јариќ со кого има две ќерки, а пред неколку месеци раскина и со Џо Томас, со кого беше во врска една година.
Тој беше уловен од страна на папраците како се релаксира на грчкиот остров Миконос со сексапилната бразилска манекенка Адријан Лима. На фудбалерот
Пронајдете не на следниве мрежи: