Фејсбук им платил милионска сума на оние кои откриле грешки во платформата!

Facebook во 2013 година платил 1,5 милиони долари на 330 луѓе во светот, кои откриле различни пропусти во безбедноста или софтверот на социјалната мрежа. Колин Грин, специјалист за сајбер Facebook, вели дека повеќето од отворените проблеми дури не биле ни сериозни.
Додека пак Грин истакнува дека покрај тоа многу од проблемите се во сајтови на стекнати компании, а не во самото јадро на Facebook.
Минатата година се смета за најповолна за „фаќање бубачки“.
Вкупно биле примени 14 763 апликации, кои посочуваат можен проблем со системот.Тоа е за 246% повеќе во однос на 2012 година.
Истовремено едвај 687 од апликациите се наведени како реален проблем, кој спаѓа во критериумите за давање на парична награда. 

Од нив едвај 6% се грешки кои се идентификувани како ризични. На екипата на социјалната мрежа и бил потребен просек од 6 часа, за да реагира и ги коригира проблемите. Најактивни се професионалци во Индија. Тие забележале најмногу грешки на Facebook – 136. Просечната награда била 1353 долари, која е и најниска. 
Руските специјалисти откриле само 38 проблеми. Во просек тие добиле по 3961 долари за нив, која е и највисоката просечна награда. Грин вели дека од почетокот на годината до моментот ситуацијата е стабилна. Бројот на отворените ризични проблеми е помал за истиот период минатата година. Специјалистите споделиле дека веќе станува сè потешко да се откриваат повеќе сериозни проблеми во кодот на Facebook.
 Колин Грин, специјалист за сајбер Facebook, вели дека повеќето од отворените проблеми дури не биле ни сериозни.
Додека пак Грин истакнува д

Пронајдете не на следниве мрежи: