Фелаини би можел во Челзи

Најдобриот фудбалер на екипата на Евертон, Фелаини, истакна дека му годи интересот од страна на екипата на Челзи, клуб во кој со задоволство би настапувал.
Маруан Фелаини за „Сандеј Пипл“ изјави дека е премногу среќен во Евертон, но дека не е имун на тоа што Челзи е сериозно заинтересиран за неговите услуги.
„Дали би заминал во Челзи? Па секако, никогаш во својата кариера на сум играл во Лигата на Шампионите. Нормално дека сакам да го почувствувам тоа натпреварување“ вели Фелаини.
„Сепак, морам да потенцирам дека сум среќен во Евертон, тоа е мојата втора куќа, од друга страна, би сакал да направам чекор напред во својата кариера, судбината ќе одлучи што ќе биде со мене“ изјави белгиецот од редовите на Евертон.
Покрај Челзи, за услугите на Фелаини се заинтересирани и Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Тотенхем.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Најдобриот фудбалер на екипата на Евертон, Фелаини, истакна дека му годи интересот од страна на екипата на Челзи, клуб

Пронајдете не на следниве мрежи: