Фелипе очекува продолжување на победничката серија

Шампионот и лидер во Првата македонска фудбалска Лига, екипата на Вардар во рамките од 24. коло го игра дербито против Работнички.Победа на неделното дерби посакува бразилскиот интернационалец Хуан Фелипе кој вчера го продолжи договорот со „црвено-црните“ до 2020 година.
– Не очекува еден тежок натпревар, поинаков од претходните со оглед дека ова е дерби меч. Нашиот противник има добра екипа со неколку играчи кои што се репрезентативци. Но, ние можеме да ветиме дека ќе се бориме да ги освоиме трите бодови, и тоа е нашата примарна цел како што е на секој натпревар. Верувам дека јас и моите соиграчи ќе дадеме се од себе да го добиеме и овој меч, да ја продолжиме победничката серија во овој пролетен дел, и нормално да ја задржиме разликата од конкурентите на табелата. Верувам дека имаме квалитет да стигнеме до триумф и тоа треба да го покажеме на теренот во недела, вели Фелипе.
Соседското дерби почнува во недела во 15 часот на Националната Арена „Филип Втори“, во кое што Вардар ќе ја има улогата на домаќин на овој натпревар.Победа на неделното дерби посакува бразилскиот интернационалец Хуан Фелипе кој вчера го продолжи договорот со „црвено-црните“ до 2020 г

Пронајдете не на следниве мрежи: