Ферги и Манчини во „БОРБА“ за Аубамејанг

Напаѓачот на екипата на Сент Етјен, Пјер Емерик Аубамејанг обелодени дека го контактирале челниците на двата клуба од Манчестер.
Игрите на Аубаменајг во дресот на францускиот тим привлече внимание кај многу екипи од Англиската Премиер Лига, меѓу останатите Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.
Меѓутоа, Аубамејанг вели дека нема намера да го напушти клубот, иако и Јунајтед и Сити се заинтересирани за него.
„Сакам да одам и сите да бидат задоволни, нема да си отидам во јануарскиот преоден рок. Постојат контакти со клубовите од Манчестер, но и со клубови од Италија како што е Фиорентина“ изјави напаѓачот на екипата на Сент Етјен.
Интернационалецот од Габон е во одлична форма оваа сезона и со 8 погодоци го одржува својот тим на средината на табелата од францускиот шампионат.
Се претпоставува дека неговата вредност на трансфер-пазарот изнесува десет или дванаесет милиони евра.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Напаѓачот на екипата на Сент Етјен, Пјер Емерик Аубамејанг обелодени дека го контактирале челниците на двата клуба од

Пронајдете не на следниве мрежи: