Фергусон барал 180 милиони за Роналдо

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, за Кристијано Роналдо барал 180 милиони евра, 94 милиони не биле доволно.Зборувајќи за португалскиот весник „А Бола“, Сер Алекс Фергусон изјави дека тогаш му било кажано дека не е реално да се очекува Реал Мадрид да издвои толкава сума на пари за Роналдо.
-Му реков на извршниот директор на Јунајтед да бараме 180 милиони евра, а тој ми рече да не бидам наивен. Жал ми е што не наплативме доволно, вели Фергусон кој притоа додава:
-Се уште се прашувам како би реагирал Флорентино Перез да побаравме 180 милиони евра, вели Сер Алекс.

Роналдо го напушти Манчестер Јунајтед во 2009-та година, а во Реал Мадрид се пресели за сума од 94 милиони евра.
-Со оглед на тоа дека Герет Бејл замина во Реал за 100 милиони евра, верувам дека Шпанците би платиле помѓу 100 и 180 милиони за Кристијано. Тој замина со мое одобрение, но добивме фер цена за него, додава Шкотланѓанецот.
Кристијано Роналдо неодамна ја доби „Златната топка“ која му се доделува на најдобриот светски фудбалер, откако во изборот заврши пред Лионел Меси и Франк Рибери.
Во тековната сезона за Реал Мадрид одигра 22 натпревари во Примера и постигна 23 голови и шест асистенции.
 Зборувајќи за португалскиот весник „А Бола“, Сер Алекс Фергусон изјави дека тогаш му било кажано дека не е реално да се очекува Реал Ма

Пронајдете не на следниве мрежи: