ФИФА 13 шири агресија?!

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Холандија, Михаел Ван Праг, ќе ја пријави компанијата „ЕА Спортс“, креаторот на играта ФИФА 13, Меѓународната фудбалска федерација поради агресивните реакции на играчите на одлуките на судиите.
Многубројните барања на родители од Холандија биле само повод за овој чекор на Михаел Ван Праг, да се обрати до ФИФА поради тоа што на играта ФИФА 13 се случува да играчите бурно реагираат на судиските одлуки и со тоа на некој начин поттикнуваат агресија кај децата кои ја играат оваа игра.
„Многубројните барања на родителите да се обратам до ФИФА поради начинот на кој играчите на оваа компјутерска игра реагираат на одлуките на судиите се прифатени. Тоа и го направив, голем број на родители сметаат дека со таа игра децата влегуваат во однесување кое за нив не е нормално“ вели Ван Праг.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Холандија, Михаел Ван Праг, ќе ја пријави компанијата „ЕА Спортс“, к

Пронајдете не на следниве мрежи: