ФИФА: Дрогба може да игра за Галатасарај

Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска Дидие Дрогба може да игра за турски Галатасарај, одлучи во среда ФИФА, која ја одби жалбата на кинескиот клуб Шангај Шенхуа.Кинезите тврдеа дека Дрогба има важечки договор со клубот Шангај Шенхуа, но ФИФА утврди дека договорот бил прекршен и дека Кинезите на Дрогба му должат пари за последните три месеца играње.Така Дрогба ќе може да дебитира за Галатасарај веќе во следното првенствено коло, а ќе може да заигра и во осмина финалето од Лига Европа против Шалке.Дрогба со Галатасарај потпиша договор на година и половина. Последните шест месеци ги помина во кинескиот клуб Шангај Шенхуа во кој заработуваше 300.000 долари неделно, но реши да си замине откако челниците на клубот не му го исплатиле договореното.За време на кариерата Дрогба настапуваше во Ле Манс, Гуингампа, Марсеј, а најголема трага остави играјќи осум сезони за Челзи.
МакфаксФудбалерот од Брегот на Слоновата Коска Дидие Дрогба мож

Пронајдете не на следниве мрежи: