ФИФА започна формална истрага против фудбалската федерација на Аргентина

Ова се должи на политичкиот инцидент што го предизвикаа репрезентативците на оваа земја за време на пријателскиот меч со Словенија.На мечот во аргентинскиот град Ривер Плате, домашните фудбалери излегоа на теренот носејќи голем транспарент на кој пишуваше „Малвините се аргентински“, како политичка подршка на спортистите на тврдењето на официјален Буенос Аирес дека Малвините (Фокландските острови) се дел од аргентинската територија, па затоа треба да и се вратат на Аргентина
Инцидентот се случи на 7 јуни на последниот контролен натпревар на аргентинската селекција пред патот во Бразил на Мундијалот.
ФИФА реагираше веднаш на пријавата на делагатот на натпреварот, а истрагата што е покрената треба да утврди дали фудбалската федерација на Аргентина ги има прекршено правилата во врска со „неспортското раководење со репрезентативниот тим“, како и правилата во врска со спречувањето на провокативни и агресивни акции на фудбалскиот терен.
Велика Британија и Аргентина во пролета 1982 година, 70 дена војуваа за Фокландите, при што загинаа 655 Аргентинци и 255 британски војници, како и тројца цивили, откако аргентинската армија изврши инвазија на небранетите острови во јужниот Атлантик.
Фокландските острови од 1830 година се британска прекуморска територија, која сега има своја автономија.
 На мечот во аргентинскиот град Ривер Плате, домашните фудбалери излегоа на теренот носејќи голем транспарент на кој пишуваше „Малвините се ар

Пронајдете не на следниве мрежи: