Фифи во дует со ќерката на Џогани- Маринела!

Фифи ќе има  дует со ќерката на Џогани!„H2O“ е името на новиот дует во „Икс фактор“. Откако и нашиот претставник Филип Јаневски Фифи и ќерката на српскиот музичар Џогани, Маринела, се најдоа помеѓу испаднатите од „Регрутниот камп“, жирито одлучи да ги врати во игра, но како групи.
Покрај бендот составен од пет момчиња и женската група, под менторство на Кристина Ковач се најдоа и Фифи и Маринела. Следниот вторник бендовите ќе се претстават пред Кристина и нејзиниот советник, а пола од нив ќе отпаднат од шоуто.

 
Во истата група, се наоѓаат и браќата Иван и Кико Раденови, додека Даниел Кајмакоски се подготвува заедно со Жељко Јоксимовиќ.
Синоќа беше прикажан првиот дел од фазата „домовите на судиите“ и иако групите на Кики и Емина ги напуштија шест кандидати, публиката има можност да врати по еден од нив. Истата можност ќе ја имаме и во случај некој од нашите кандидати да не влезе во полуфиналето.
Република„H2O“ е името на новиот дует во „Икс фактор“. Откако и нашиот претставник Филип Јаневски Фифи и ќерката на српскиот музичар

Пронајдете не на следниве мрежи: