Фикрет од серијата „Кога лисјата паѓаат“ има битолско потекло!

Турската актерка Бену Јилдирмлар, позната меѓу македонските љубители на турските сапуници како Фикрет Текин од серијата „Кога лисјата паѓаат”, за Вест откри дека има битолско потекло.Таа деновиве присуствуваше на „Шекспир фестивалот” во Битола, придружувајќи го сопругот Булент Емин Јајар, исто така познат турски актер, кој прексиноќа ја изведе монодрамата „Хамлет”.
Појаснете ни нешто повеќе за битолските корени на вашата семејна лоза?
– Потекнувам од Битола, од Македонија. Мојот дедо Хурисаш се родил и живеел тука. Беше многу добар пијанист, а сум слушнала дека овој град го нарекуваат и град на клавирите. Во 1920 година, по Првата светска војна, кога отоманска Турција ги загуби териториите на Балканот, многу Турци, меѓу кои и дедо ми, преку Солун, заминале за Турција. Но во срцето му остана Македонија. Секогаш зборуваше за Македонија и свиреше на пијано. Јас од него не научив да зборувам македонски, но ја всади во мене желбата за го видам крајот од каде што потекнува моето семејство. Досега сум дошла неколкупати во Битола да ги посетам колегите што тука снимаа турски серии.
Колку во приватниот живот наликувате на онаа трпелива и тивка Фикрет Текин?
– Пред сериите, работев во театар. Истата претстава „Кога лисјата паѓаат” ја имавме како театарска претстава. Но таа беше нешто сосема поинакво. Едно е трпението за оживување на роман од 200 страници, а друго снимањето серија четири и пол години. Преку серијата научив да го скротам карактерот и да станам трпелива. Успеав да го доловам ликот, иако во животот воопшто не личам на неа. Но многу научив од Фикрет. Таа за мене беше школа за трпеливост, срдечност, за упорност.

Како реагираа гледачите кога ќе ве сретнеа на улица?
-Повеќето луѓе беа срдечни кон мене. Ќе ме застанеа и ќе ми ја стегнеа раката, велејќи: “Браво, така треба да се однесува човек во едно семејство”. Но луѓето повеќе се пронаоѓаа во карактерите на другите сестри Неџла и Лејла отколку во мојот. Бев таа што го зближува семејството, што се труди да го задржи заедно. Ме гледаа како еден трпелив лик, кој секој посакува да го има како член на семејството.
Во што лежи моќта на турските серии што успеаја да ја заведат публиката на Балканот?
Магијата е во тоа што се приказни од секојдневниот живот и се блиски до гледачите. Ја пренесуваат семејната топлина која недостига, го прикажуваат секојдневниот живот, проблемите. Менталитетот ни е многу близок, и затоа сметам дека иако се снимаат во Турција, многу се гледани во Македонија.
Дали повеќе би играле во сериски сапуници или на театарската сцена?
Серијата ја гледам како коцка. Може да заврши со четири или пет епизоди. Последните два проекта што ги имав траеја, но не се знае колку ќе траат другите. Затоа јас никогаш не се одделив од театарот. Кога играте долго време во една серија, луѓето кога ќе дојдат во театар, сакаат да го видат и таму тој лик. Но за мене е посебно задоволство да одиграм различен лик. Досега сум одиграла бројни театарски улоги. Театарот е мојот живот, иако ме има и на телевизиските екрани.Таа деновиве присуствуваше на „Шекспир фестивалот” во Битола, придружувајќи го сопругот Булент Емин Јајар, исто така познат турски актер, кој

Пронајдете не на следниве мрежи: