Филип Петровски: Македонија и Бугарија се пријатели – недоразбирања и пропагандата ни штетат!

Апелирам за дијалог и пријателство меѓу Република Македонија и Бугарија. Ајде да покажеме дека недоразбирањето единствено и само штетно влијае на односите меѓу нашите пријателски земји. 
Ова го изјави директорот на Државниот архив на Република Македонија, Филип Петровски во ексклузивното интервју пред специјалните пратеници на БГНЕС во Скопје, Цветана Арангелова и Георги Пашкулев. Благодарение на Петровски беа отворени досиејата и станаа познати злоделата на тајната полиција УДБА на диктаторот Тито. Од откритијата стана јасно дека над 136 000 луѓе имале досиеја.
„Крајно време е да се промени начинот на комуникација помеѓу нашите два народа. Знам од луѓето, но и лично сум убеден дека Бугарија и Македонија се пријателски земји. Јас немам непријатели во Бугарија и тоа е една блиска земја до нас со која треба да развиваме тесни односи “, вели тој.
За жал има луѓе кои не сакаат тоа да се случи, многу често врвот го зема пропагандата.
„Сметам дека на тоа треба да се одговори на следниов начин: во Македонија има луѓе кои гледаат на Бугарија како на пријател, исто е и во Бугарија. Треба во медиумите и разговорите меѓу нас да го развиваме токму тоа”, истакна Филип Петровски.
„Апелирам за дијалог и пријателство. На едно интелектуално ниво да покажеме дека противречностите само ни штетат”, рече тој.
 Како добар пример Филип Петровски ги даде односите во последниве години меѓу Бугарската академија на науките / БАН / и Македонската академија на науките и уметностите / МАНУ /.
„Сметам дека тоа е добар почеток за приближување на високо научно ниво. Постигнавме добри резултати. Треба да продолжиме на исто ниво – дали меѓу двете академии, дали за време на состаноци меѓу интелектуалците во Софија и Скопје… Натој начин ќе докажеме дека може да се создаде пријателска атмосфера “, вели е Филип Петровски.
 Според него пријателските односи меѓу нашите земји не се само потребни, тие се задолжителни на позадината на брзо менување на животната средина во светот.
„Гледаме колку брзо се руши светот, создаден по падот на Берлинскиот ѕид / 1989 година /. Балканот се наоѓа на нишан, мигрантските текови се закануваат дека ќе не потопат. Тоа се големи опасности и предизвици, кои само со заеднички напори – македонски и бугарски – можеме да ги надминеме “, вели Филип Петровски.
Тој предупреди дека мигрантската криза не  исчезнала. Напротив следната пролет треба да се подготвиме за нов бран. Според него е добро тоа што веќе се разменуваат информации како меѓу службите, така и на повисоките нивоа.
„Треба да се разбере и Бугарија, и Македонија се наоѓаат во еден котел. Тоа значи дека ќе треба да бараме заеднички одговори на проблемите. И во овој контекст уште еднаш ќе ги повикам дека крајно време е да ги оставиме зад нас сите недоразбирања, да започнеме дијалог и заедно на овие географски ширини да се справиме со предизвиците “, истакна Филип Петровски.
Очекувајте втор дел од интервјуто со директорот на Државниот архив на Република Македонија, кое ќе биде посветено на разоткривањето на досиејата. 
Извор: bgnes.com
  
Ова го изјави директорот на Државниот архив на Република Македонија, Филип Петровски во ексклузивното интервју пред специјалните пра

Пронајдете не на следниве мрежи: