Филип Петровски: Нашата душа, гордост и патриотизам се поголеми од сите споменици

Браќа и сестри Македонци, Нашата душа, гордост и патриотизам се поголеми од сите споменици. Ние сме горда нација и затоа и ги подигнавме овие спомен обележја. Нашата душа не можат да ни ја бутнат, иако пробуваат со остранувањето на спомениците да не повредат и душевно и така ранети и повредени да немаме сила да се бориме во пресрет на менувањето на името.

Хунтата секогаш кога е на власт, со шокови и влевање страв ги менува симболите.Се сеќавате на неколку дена после атентатот на Глигоров го променија нашето вековно знаме.Се сеќавате на гостиварските настани и настаните во Речица кога девалвираше денарот, и кога економијата беше во пропаст.Хунтата и денес продолжува со исти методи. Споменикот на Ќосето беше тргнат во моментот кога беше актуелна темата за злосторствата над девојчињата во Домот без родители и во моментот кога Заев најави дека прифаќа географска одрединица. Почитувани, Овие методи ќе продолжат се со цел да не скршат. Палатата на Мицко е премногу слаба, бледа и очајна да се спротистави на оваа хајка.Затоа, сите, не чекајте никој да ве организира, бидејќи во вас живее душата на Ќосето и на сите револуционери. Вас никој не може да ве исплаши.Кренете го гласот, протестирајте, пишувајте, негодувајте.Ние сме Македонци, сме поминале и турско, и српско, сме поминале и балистичко, комунистичко, ќе поминеме и хунта и удбашко. Сплотени во идејата за Македонија.
Кога ќе се врати ВМРО (не ова инсталираното) ќе го вратиме секој споменик на своето место, ќе размислиме и да ги зголемиме и димензиите… Ќе поставиме и нови, на оние херои од 2001, на оние од Диво Насеље, но и на оние кои се жртви на хунтата, како на пример на Дурло, Владо, Јане Ченто и сите други кои легнаа во зандани за одбрана на унитарна Македонија на 27 април 2017. Да живее Македонија, Нема да не скршат, Борбата продолжува ако треба и засекогаш.

Пронајдете не на следниве мрежи: