Филип Петровски: Ние сме тука собрани да му кажеме НЕ, доста е Заев

Барањата на Заев се невозможни. Собранието не може да се свика, тое е распуштено поради тоа што се закажани предвремени парламентарни избори. Тие избори се закажани по негово барање, на договор кој што го потпиша и самиот тој. Очигледно е дека Заев не сака да оди на избори бидејќи знае дека истите ќе ги загуби. И очигледно е дека сака да ја дестабилизира и понатака Македонија, со што би ја ослабнал и би ја направил плен на странски интереси, истакна Филип Петровски од народниот собир на ГДОМ од Прилеп.-Ние сме тука собрани да му кажеме НЕ, доста е Заев. Собрани сме и да му кажеме рацете понастрана од македонските споменици кои вие не ги изградивте, а рацете да ги свртите кон фабриките што ги затворивте и 200-те илјади луѓе кои ги отпуштивте. Овој народ си ги почитува своите споменици кои се израз на нашата историја. Тие не се направени за Заев да се изживува со нив… На народот повеќе од јасно му е дека Заев има само деструктивна агенда и на таа истата мора да и се стави крај на парламентарни избори на 5 јуни, бидејќи тоа е единствено решение за да се формираат легитимни органи. Народот треба да си го даде својот глас.
Петровски ги покани сите на утрешниот собир на ГДОМ во Скопје.
-Сакам да ги поканам сите Македонци да му кажеме стоп на Заев. Ние ќе ја одбраниме Македонија. Утре ќе имаме огромен, огромен протест во Скопје за да не видат колку сме и да им порачаме дека Македонија може да излезе од криза на 5 јуни.-Ние сме тука собрани да му кажеме НЕ, доста е Заев. Собрани сме и да му кажеме рацете понастрана од македонските споменици кои вие не ги изградивт

Пронајдете не на следниве мрежи: