Д-р Филип Петровски во говорот на ГДОМ: Доста е од ова ваше дивеење!

Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) продолжува со организација на масовни мирни граѓански собири ширум земјава.
ГДОМ вечерва организираше собири на граѓани во Велес, Кочани, Прилеп и Битола.
Битола, Штип и Велес синоќа се кренаа на нозе и дадоа голема поддршка за ГДОМ, кажаа ДА за избори и НЕ за деструктивно сценарио и аболиција на Зоран Заев и Верушевски.
Од Граѓанското движење повикаа на силен одзив на граѓаните против деструктивните сценарија спроведувани од опозицијата, рушењето на волјата на народот и одбрана на државата и институциите. Иако неколку дена имаше прекин на собирањата, поради огромната желба на граѓаните и огромниот притисок јасно  да ја изразат својата волја против актуелните случувања и деструкцијата која ја применува СДСМ, како и за одбрана на државата и мирот, ГДОМ започнува со серија граѓански собири.    
На денешниот мирен протест во Велес, пред насобраните граѓани се обрати директорот на Државниот архив на Република Македонија, д-р Филип Петровски, којшто им порача на присутните дека нивната волја конечно ќе биде остварена на изборите закажани за 5. јуни.
Интегрален текст од говорот на Филип Петровски
– Вие сте луѓе коишто не се откажуваат кога е најтешко, вие сте луѓе коишто се свесни што денеска во Македонија се случува. Дека е на дело желбата на Заев од Македонија да направи Украина и да потече крв по македонските улици.
Ништо не е различно од минатата година. Да ве потсетам, минатата година се направи сѐ на сила за да се симне легитимно избраната власт. Девет месеци се подготвуваа од моментот кога Заев го уценуваше Груевски со материјалите коишто му ги дадоа странските служби до мај кога беше планирано на сила да влезат во Владата и да извршат државен удар. Ќе ве потсетам дека дента кога беше нападната македонската полиција и беа повредени 34 полицајци, на 6. мај минатата година во Куманово влезе терористичка група, којашто влезе со задача да му помогне на Заев и да предизвика терористички напади од Куманово, преку Скопје до Тетово. Меѓутоа, на 9. мај тие беа неутрализирани и затоа на 17. мај минатата година се издиша балонот на Заев и не успеа во тој правец да се оствари неговиот план.
Сега, оваа година се случува истото. Заев повторно сака на сила да ја изигра вашата волја, вашиот глас да го поништи и сето она што вие сте го дале како волја да го прогласи за ништовно. А сѐ она што тој го измисли како теза, како фантомски гласачи, како сѐ што го прикажа како ненародна волја, да го постави како легитимно. Меѓутоа, ништо од тоа не е точно. Добро знаете дека сѐ што тврдеше Заев не е вистина. Дека вие и вашата волја е легитимна и дека таа волја на 5. јуни имаме обврска уште еднаш да ја покажеме, да ја потврдиме и да ја зацементираме. И тогаш ќе биде крај со целата оваа манипулација што се прави две години со целото македонско граѓанство.
Вие добро знаете што се случува во Скопје овие денови. Добро знаете дека една група на хулигани, група организирана од Сорос, група обучувана од српски Канвас, дивее по Скопје и ги уништува спомениците на нашиот непокор. Спомениците на оваа држава. Споменот на оваа држава, споменот на голготата, на поделбата на Македонија, споменот на децата бегалци од Егејска Македонија…
Што сакаат со тоа да покажат? Сакаат да покажат дека ништо не им е свето и затоа овој народ ќе се собере во четврток во Скопје, ќе им кажеме „доста е од ова ваше дивеење“, „рацете настрана од Македонија и македонските споменици“, „ако на вас не ви значат спомениците, на македонскиот народ му значат“.
Тука сум да повторам дека нашата волја е цврста. Ние сме определени на 5. јуни да има избори, сѐ што побараа добија и сега треба да се соочат со волјата на македонскиот народ. Македонскиот народ ќе си го каже своето мислење на 5. јуни и од тоа нема отстапување! Не може на сила да се владее!

Пронајдете не на следниве мрежи: