Филип открива дека го запоставил својот живот поради врската со старлетата и дека сега е вистинско време да „застане на нозе“.Додека во Србија сите веруваат дека Филип и Станија ќе се смират, манекенот во интервју за „Ало!“ зборува дека тоа нема да се случи и додава дека многу ја сакал Станија, но дека повеќе не сакал да ја „тинтра“.
Филип Панајотовиќ смета дека ја запоставил својата кариера поради врската со Станија, па сега планира повеќе да се посвети на работата и пријателите.
– Многу ја почитувам Станија и за неа имам само најубави зборови, но патиштата ни се разделија и во овој момент навистина е најдобро што раскинавме. Сакам себе си финансиски да се обезбедам и да застанам на нозе, повеќе да се гижам за кариерата затоа што премногу се внесов во врската. Почнаа да ме поврзуваат само со таа врска. Таа ме сака и понатаму. Кога разговаравме и двајцата рековме дека не можеме повеќе. Многу е тешко, огромен притисок… Не се навикнав баш да ја тинтрам, да трчкам, мислев дека тоа ќе се промени, но не одеше. Јас почнав да бидам онаков каков што сум и тоа беше причина за кавга. Не знам како би било да не бев во таа врска, но мене тоа не ме интересираше затоа што навистина бев вљубен и се работев со срце, многу ја сакав таа девојка и сакав се со неа. Навистина не се каам поради ништо, искрено раскажал Филип и додал дека во последно време не можеле да се разберат и затоа се карале.
– Не се разбиравме баш добро во последно време и малку се оддалечивме, таа на своја страна, јас на моја. Па се каравме. На Фарма доста попуштав, а навистина не сум такво момче и мислев дека кога ќе излеземе од реалното шоу да ќе бидеме поинакви. Кога излеговме, не беше така, вели Панајотовиќ.
– Чувствата не можат да исчезнат во рок од два-три дена. Јас знам дека таа и понатаму има чувства кон мене, и јас кон неа, нема тука ништо спорно. Моментално нека остане вака, па ќе видиме што ќе биде понатаму. Меѓутоа, мислам дека таа повеќе ќе профитира после раскинувањето, не велам дека ќе профитира од раскинувањето, само велам дека ќе добие многу повеќе понуди.
Не раскинавме за да профитираме, само велам дека на неа ќе и биде подобро. Ќе работам најдобро што можам да бидам Филип
Панајотовиќ, културен дечко кој има своја работа и кариера, а не некој љубоморен дечко од „Фарма“. Многу жртвував поради нашата врска, раскажал манекенот, а на прашањето дали врската влијаела на неговите пријателства, одговорил:
– Оваа врска не влијаеше на моите вистински пријатели. Во овој момент јас сакам само да бидам посветен на мојата работа, завршување на студиите и ако ми се даде уште некоја прилика со модна агенција, бил искрен Панајотовиќ.Додека во Србија сите веруваат дека Филип и Станија ќе се смират, манекенот во интервју за „Ало!“ зборува



