Со бегството на Груевски се замајува јавноста додека се менува името – Филип Петровски во Студио на 1ТВ

Две недели македонската јавност се замајува со бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, додека во тек е промената на уставното име, бришењето на АСНОМ и запишувањето на Охридскиот рамковен договор во преамбулата на Уставот, предупредува фракционерот од ВМРО-ДПМНЕ Филип Петровски и ги споредува случувањата со вешта шаховска игра.
-Изворно знам дека неговото присуство на денот на отворањето на Уставот значело и сигурност и извесен притисок врз дел од пратениците да не гласаат. Неговото вадење од државата кое не можело да биде случајно, тој ден текнато, без договарање по тајни канали, без тајни служби, оние најмоќните во светот, е дел од оваа ситуација Македонија на крај да заврши како некоја нова држава, вели Петровски.
За референдумот за името, тој вели дека бил фалсификуван и дека во Арачиново и Сарај кутиите веќе биле наполнети, но одговорните не можеле да го наместат доволно за да успее.
-Според мои сознанија нема ни 30% излезени, располагаме со бројка околу 36%, но без полнењето кутии е под 30%, што би ја свело бројката на тие што го поддржаа тоа небулозно прашање на некои 25-26%. И таков треба да биде одговорот на народот, со својата апстиненција покажа дека има чувство за преживување, дека може да ја види манипулацијата, смета Петровски и бара по допрен глас да се отворат гласачките кутии и да се расчисти со корумпираниот Парламент, каде што луѓе под кривична закана и ослободени од притвор гласаа за промена на името.
Во врска со прорускиот лобист Андреј Родионов, неодамна сликан со Стефан Влахов Мицов, што го поврзува со движењето „Бојкотирам/Блокирам“, Петровски вели дека не го познава, но вели дека многу новинари во земјава лесно го поврзуваат руското влијание со македонскиот патриотизам.
-Јас со Влахов Мицов немам никаков контакт. Тој беше член на друга партија. Јас сум од фракција на ВМРО. Ние сме во коалиција 84 организации, од кои 30 се на македонската емиграција. Имаме исто размислување. Тоа не е мал број на организации кои имаат ист став. Таква коалиција немало во независна Македонија, вели Петровски.
Тој вели дека е за ЕУ, а за НАТО треба да се преиспитаме дали имаме воен капацитет и го цитира Александров дека „ќе се врзе и со ѓаволот ако треба за македонската кауза и држава“ и дека кога ќе види дека структурите на кои им припаѓа застрануваат од таа линија, ги напушта.
-Јас сум сузбиван, прво од ВМРО-ДПМНЕ и од Груевски, 15 години бев сузбиван да не можам да го кажам мојот став, шест години бев опозиција, кога никој не смееше да му подигне глас на Груевски, изјави тој. Изборниот текст на 1ТВ тука: Филип Петровски интервју на 1ТВ
Целиот разговор погледнете го во видеото.

Гостување на 22 ноември 2018 за прв пат во 1ТВ. Еве ги тезите.

Posted by Filip T. Petrovski on Friday, November 23, 2018

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.