Филмски фестивал на духовни и хумани вредности Богородичен Покров

Деновиве се одржува првиот Меѓународен филмски фестивал за духовни и хумани вредности во Македонија, во Скопје, од 15 до 19 октомври , во МНТ и Кинотеката на Р. Македонија.Свеченото отворање на фестивалот е на 15 октомври, сабота во 12.00 часот, во новиот објект на МНТ / покрај Вардар/, голема сцена. На отворањето ќе бидат доделени и дипломи за гостите и сите кои помогнаа во неговата реализација.
Претседател на фестивалот за 2016 година е проф. д-р Јован Таковски, протојереј ставрофор, годинешен добитник на признанието Орден од прв ред Свети Климент Охридски на МПЦ-ОА.
Фестивалот е под покровителство на Агенцијата за филм на Република Македонија и со благослов на Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија.
На отварањето ќе имаат почесен збор и Амбасадорот на Руската федерација во Македонија Н.Е Олег Шчербак и Амбасадорот на Чешката Република во Македонија Н.Е Мирослав Рамеш, како и гостите од странство.
Гости од странство на фестивалот се Матушка Софија од Русија -претседател на Рускиот меѓународен фестивал СРЕТЕНИЕ, и добитник на ордени од највисок ред во Русија и од Република Чешка – Јиржи Свобода , филмски режисер и сценарист, член на најпрестижните филмски академии и Виктор Криштоф од Чешка, продуцент и режисер со чиј филм Св. Кирил и Методиј-Словенски апостоли, ќе биде отворен фестивалот. Гостите ќе имаат и трибини, каде ќе може публиката да поставува прашања на истите . Биографијата на гостите и програмата на фестивалот е во прилог.
Во филмската програма ќе бидат прикажани 15 филмови / играни и документарни/ од фестивали и продуценти кои негуваат ваков жанр на филмови од повеќе држави.
Во придружните активности планирани се и тематски трибини со публиката, на кои ќе говорат гостите, а каде ќе може публиката да поставува прашања.
Програмскиот совет на фестивалот го сочинуваат: г-дин Антонио Митриќески, режисер, Драги Таневски- директор на фотографија, проф. д-р Ѓоко Ѓоргевски, декан на Богословски факултет Свети Климент Охридски во Скопје и Зорица Костовска, автор и директор на фестивалот, ТВ и филмски продуцент и теолог.
Организатор на фестивалот е телевизиската и филмска независна продукција Топ Ворлд, од Скопје. Почесен покровител и помагател на фестивалот е Т.А. Савана од Скопје.
Влезот на фестивалот е бесплатен, врз основа на резервации.Свеченото отворање на фестивалот е на 15 октомври, сабота во 12.00 часот, во новиот објект на МНТ / покрај Вардар/, голема сцена. На отворањето ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: