Фолкерите откриваат ДЕТАЛИ од соработката со тајните служби!

Фолк-ѕвездите се погодни за носење информации, бидејќи имаат полесен пристап кон луѓето.Се опуштаат, пијат, знаат многу луѓе имаат контакти. Ова го тврдат српските криминолози по информацијата која се појави во српските медиуми дека дел од фолкерите работеле за тајната служба.
Нема пејач кој барем еднаш не соработувал со тајните служби и не давал информации на Државната безбедносна служба. Ова го тврдат соговорниците на „Курир.рс“.
Српската пејачка Оља Карлеуша тврди дека никој никогаш не контактирал со нив, но дека пеела за нив.
„Кога имаат прослави, родендени и така натаму, не` канат да пееме. Тоа ни е работа, но останува на тоа“ – вели таа.
Додава дека никогаш не побарале ниту информација, ниту услуга од неа.
Единствена која јавно призна дека соработувала со тајните служби е Весна Ривас. 
„Доста колеги соработуваа. Не можам да кажам имиња, ве молам. Ние имаме контакти. Влегуваме во масата, знаеме се, погодни сме за службата. Ако се случило пример убиство, веднаш се земаат пејачите од естрадата да помогнат“ – вели таа.
И Кики Лесендриќ, кој го гледавме во Икс фактор, вели дека никогаш не соработувал.
„Да, да 11 години работам за тајната служба. Секако дека не, се шегувам“ – вели тој.Се опуштаат, пијат, знаат многу луѓе имаат контакти. Ова го тврдат српските криминолози по информацијата која се појави во српските медиуми дека де

Пронајдете не на следниве мрежи: