Фолксваген ги повлекува автомобилите со неисправни мотори од пазарот!

Фолксваген ќе почне да ги повлекува од пазарот автомобилите со дизел мотори, опремени со софтверот за манипулирање на тестовите за емисија на штетни гасови.Ова го изјави во интервју за германскиот весник „Фанкфуртер алгемајне цајтунг“ новиот извршен директор на компанијата Матијас Милер.
Тој вети дека автомобилите ќе бидат поправени до крајот на следната година, пренесоа агенциите.
„Ако се оди според планот, можеме да започнеме со повлекувањето во јануари. Сите автомобили треба да бидат поправени до крајот на 2016 година“ – рече Милер.
Тој смета дека само неколку вработени во компанијата се вмешани во скандалот со манипулацијата на дизел гасови што ги погоди акциите и угледот на Фолксваген.
Според него, неговиот претходник Мартин Винтеркорн не знаел за измамата.
Милер изјави дека компанијата треба да стане помала и децентрализирана и дека ќе се разгледа внимателно придонесот на секој модел и бренд на Фолксваген.
Тој смета дека на компанијата ѝ е потребна еволуција, а не револуција, за да се наметне повторно на пазарот и да се врати во вистинската насока.Ова го изјави во интервју за германскиот весник „Фанкфуртер алгемајне цајтунг“ новиот извршен директор на компанијата Матијас Милер.

Пронајдете не на следниве мрежи: