Форд го произведе милионитиот Фокус од сегашната генерација за Европа

Loading...

Форд од Европа неодамна го произведе милионитиот Фокус од актуелната генерација.• Неодамна Форд го произведе милионитиот Фокус од сегашната генерација во Европа; Во Европа, Форд просечно произведува нов Фокус на секои 90 секунди.
• Милионитиот Фокус – црвен, со пет врати опремен со 1.0-литарски ЕкоБуст мотор излезе од производствената лента во Сарлуи, Германија.
• Откако првата генерација на Фокус беше претставена во 1998 година, Форд продаде 6.9 милиони од популарните автомобили со средна големина во Европа и повеќе од 12 милиони насекаде низ светот. Сегашната генерација на Фокус започна да се продава во Европа во 2010 година.
• Форд Фокус е најпродаваното возило според анализата на Форд добиена од последните податоци од регистрацијата на возила за првата половина на 2013 година.
Келн, Германија, 9 јан. 2014 –  Форд од Европа неодамна го произведе милионитиот Фокус од актуелната генерација. Популарниот автомобил постана најпродаваното возило во светот. Милионитиот Фокус, со 1.0-литарски ЕкоБуст мотор беше произведен во Сарлоуис, Германија.
„Фокусот е одличен семеен автомобил со можност да ги задоволи потребите на голем број потрошувачи“ вели Барб Самарџиќ, директор за оперативни активности, во Форд Европа. „Мината година го лансиравме електричниот Фокус со нула емисии на штетни гасови за да ја комплетираме целосната линија на Фокус возила кои вклучуваат 250 КС Focus ST.“
Лансиран во Европа во 2010 година, глобално новиот Фокус е најдобро продаваното име според анализите на Форд добиени од податоците од регистрацијата на возила за првата половина на 2013 година.
Форд планира овој месец да воведе и нова верзија на Фокус со 1.0-литарски ЕкоБуст мотор, најдобриот меѓународен мотор за 2012 и 2013 година, кој ќе биде првиот семеен автомобил во Европа кој работи на безоловно гориво, а истовремено ќе нуди емисии од 99 g/km CO2.
Фокусот е опремен со технологии како Aктивна Помош при Паркирање кој користи ултразвучни сензори за одредување на соодветно паркинг место и автоматски го управува возилото додека возачот ги контролира менувачот, гасот и куплунгот; и Активно Сопирање во Град кој го скенира патот кој претстои 50 пати во секунда за да спречи судир на брзина до 15 km/h и помага при намалувањето на сериозни удари на брзина од 30 km/h.
Доколку возилото е дел од сообраќајна несреќа, Форд СИНК со Итна Помош директно ќе ги поврзе патниците со локалните служби за итни случаи. „Корисниците на Фокус ни пренесуваат дека тие навистина ги ценат смарт технологиите на Форд, како и безбедноста на автомобилот, спортскиот изглед, стил и комфор,“ изјави Самарџиќ.
Форд го лансираше Фокус на пазарот во 1998 година и оттогаш компанијата продаде 6.9 милиони автомобили во Европа и повеќе од 12 милиони насекаде низ светот.
                                                                     
За автомобилската компанија Ford
Ford Motor Company, е глобален лидер во автомобилската индустрија лоциран во Даерборн, Мич, кои произведуваат и дистрибуираат автомобили низ шест контитенти. Со околу 171.000 вработени и 65 фабрики ширум светот, а во  автомотивниот бренд на компанијата се вклучени Форд и Линколн. Компанијата обезбедува финансиски услуги преку Ford Motor Credit Company.
 За повеќе информации за производите на Форд посетете ја страницата www.corporate.ford.com
 Ford од Европа се одговорни за производство, продажба и сервисирање на брендирани возила на Форд на посебни 51 пазари и вработува околу 66.000 вработени. Како дополнување на Ford Motor Credit Company, операциите на Форд од Европа вклучуваат Дивизија за услуга на клиенти на Форд (Ford Customer Service Division) и 22 производни постројки вклучувајќи и компании со заедничко вложување. Првите автомобили на Форд биле утоварени и пренесени во Европа во 1903 год.- истата година кога е основана и Ford Motor Company.
Производството во Европа започнало во 1911 година.• Неодамна Форд го произведе милионитиот Фокус од сегашната генерација во Европа; Во Европа, Форд просечно произведува нов Фокус на секои 90 с

loading...
Loading...