Ford Mustang: Најпродаван спортски автомобил во првата половина од 2015 година, Race Red V8 Fastback на врвот од европскиот список на желби

Mustang е најпродаваниот спортски автомобил во светот во 2015 година според глобалните податоци за регистрација на IHS Automotive за првата половина од годината.- Во Европа се продадени повеќе од 8.000 автомобили Mustang; купувачите ја претпочитаат изведбата fastback, со мотор од 5,0 литри, V8 и 421 КС, во боите Race Red и Magnetic Grey.
– Растот на Mustang продолжува со започнувањето со работа на фабриката Flat Rock во Michigan во којашто ќе се произведува моделот со управувачот од десната страна за пазарите меѓу кои е и Обединетото Кралство.
–  2015 година е првата година во која Mustang е достапен за купувачи од целиот свет на повеќе од 100 пазари и за првпат ќе биде достапен моделот со управувачот од десната страна. 
КЕЛН, Германија, 8 септември 2015 година – Купувачите низ светот го направија Ford Mustang најпродаван автомобил на светот во првата половина од годината, според глобалните податоци за регистрација на IHS Automotive.
Купувачите во светот регистрирале 76.124 возила во првите шест месеци од 2015* година – зголемување од 56% во споредба со истиот период минатата година. „Купувачите во Европа и пазарите за моделот со управувачот од десната страна низ светот чекаа повеќе од половина век за официјалното искуство на Mustang, така што воопшто не изненадува големата побарувачка за моделите на Mustang во овие региони,“ изјави Стивен Одел, извршен потпретседател за глобален маркетинг, продажба и услуги. „Ја доби поддршката од купувачите од секое катче на светот за да стане најпродаван спортски автомобил во светот.“
Почетната продажба покажува дека во Европа најпопуларни избори на надворешна боја се Race Red и Magnetic Grey (и двете по 21% од вкупната продажба) и за верзијата fastback и за верзијата кабриолет. Европските купувачи на fastback ја претпочитаат Race Red (24%), додека купувачите на кабриолет ја претпочитаат Magnetic Grey (32%).
На моделите fastback отпаѓаат 3/4 од вкупната продажба во Европа досега (72%), а 2/3 од купувачите го избрале моторот од 5,0 литри, V8 и 421 КС на Ford (64%).
Возачите во Европа скоро еднакво избираат рачен менувач со шест степени (51%) и автоматски менувач со шест степени (49%). Сепак, автоматскиот менувач е попопуларен кај купувачите на 5,0-литарски V8 (57%), додека рачниот менувач кај купувачите на моторот EcoBoost од 2,3 литри и 317 КС (65%).
Првиот Mustang со управувач од десната страна
Производството на моделот со управувачот од десната страна започнува во фабриката во Flat Rock во Мичиген САД и го продолжи првата глобална промоција на автомобилот.
Ford Mustang сега е достапен за купувачите во повеќе од 100 пазари низ светот. Воведувањето на моделот со управувачот од десната страна на Mustang кон глобалната понуда на возила на Ford овозможува извоз во повеќе од 25 дополнителни светски пазари, меѓу кои и Обединетото Кралство, Јужна Африка, Нов Зеланд и Јапонија, како и Кипар, Малта и дел од Карипските Острови.
Лидер во глобалната продажба
Продажбата во САД и Азија започна минатата година, а Mustang првпат се појави на европските пазари ова лето. Новите купувачи придонесуваат за растот на продажбата во САД, особено во регионите како што се Јужна Калифорнија, којашто е најголемиот пазар за спортски автомобили во земјата според IHS, каде што повеќе од двојно е зголемена малопродажбата на Mustang.
Иако Mustang е ново возило на кинескиот пазар, веќе е еден од најпродаваните спортски автомобили во земјата, со најголема продажба во Пекинг, Гуангдонг и Шангај.
Моделите сега почнуваат да пристигнуваат во салоните низ Европа, а пазарите меѓу кои е и пазарот во Обединетото Кралство едвај го чекаат пристигнувањето на моделите со управувачот од десната страна. Од јануари се примени повеќе од 2.000 нарачки за Ford Mustang во Обединетото Кралство. Првите испораки до купувачите се очекуваат во ноември, а обезбедени се дополнителни залихи за да се задоволи неочекувано големата побарувачка.
Нетрпението на купувачите за Mustang во Европа беше очигледно минатата година кога Ford ги отвори преднарачките за 500 автомобили Mustang за време на финалето на Лигата на шампионите на УЕФА во 2014 година, а купувачите го пополнија списокот за преднарачки само за неколку минути. До денес се продадени повеќе од 8.000 возила Mustang во Европа.
Друг пазар што со нетрпение го очекува моделот со управувачот од десната страна е Австралија од каде што се добиени веќе 3.000 нарачки. Четиристотини нарачки за модели со управувачот од десната страна се добиени од Нов Зеланд, каде што испораките почнуваат оваа есен.- Во Европа се продадени повеќе од 8.000 автомобили Mustang; купувачите ја претпочитаат изведбата fastback, со мотор од 5,0 литри, V8 и 421 КС

Пронајдете не на следниве мрежи: