Фото-Анкета: Скопје 2014 со голема поддршка кај граѓаните

Најновата анкета на институтот „Димитрија Чуповски“  го испитуваше мислењето на граѓаните за проектот Скопје 2014.
Имено, според обработените одговори на анкетираните 45 проценти го поддржуваат проектот. Анкетирани се Македонци и Албанци. Според етничката припадност, поголем е бројот на оние кои го поддржуваат проектот од македонскиот етникум.
Високи 53,8 проценти одговориле дека го поддржуваат проектот, а истите се дел од останатите етнички групи кои живеат во Македонија.

Македонците, Албанците и останатите етникуми даваат висока поддршка и за роуд-шоуата кои го одржува Владата. Над 57 проценти сметаат дека ваквиот чекор на Владата за привлекување на странски инвестиции е оправдан.
Значително помал е бројот на оние кои го мислат спротивното или пак немаат одговор на ова прашање.

Во рамки на третиот дел од спроведената анкета, Институтот го испитува јавното мислење за улогата на МПЦ/ИВЗ и довербата на граѓаните во нивните раководства.
Педесет проценти од анкетираните лица кои се изјасниле како христијани сметаат дека раководството на МПЦ ја исполнува својата мисија кој христијаните, додека за еден процент е помала довербата кај муслиманите во ИВЗ.
Поглаварите на МПЦ и ИВЗ уживаат висок процент на верба кај граѓаните. Над 43 проценти христијани се изјасниле дека му веруваат на поглаварот на МПЦ, а 44,6 отсто муслимани на поглаварот на ИВЗ.
Скоро 40 % од христијаните сметаат дека поглаварот на МПЦ е чесен. Речиси идентичен е процентот на оние кои имаат спротивно мислење и оние кои не знаат.

За разлика од христијаните, муслиманите односно 45,2 проценти од оние кои биле анкетирани, мислат дека поглаварот на ИВЗ е чесен. Скоро 15 проценти не мислат дека тој е чесен, а околу 40 проценти немаат одговор.
Генералното мислење за поглаварот на МПЦ кај христијаните сепак е високо. Речиси 49 проценти имаат позитивно мислење за него, а високо позитивно мислење на поглаварот на ИВЗ имаат и муслиманите.
Институтот „Димитрија Чуповски“ третиот дел од телефонското анкетирање го спроведе од 17-21 мај на репрезентативен примерок од 1050 испитаници.Најновата анкета на институтот „Димитрија Чуповски“  го испитуваше мислењето на граѓаните за проектот

Пронајдете не на следниве мрежи: