Фото: Аплауз и последен поздрав за делата и творењето на Никола Младенов во новинарството

Со долг аплауз и солзи во очите беше одржана Комеморација за трагично загинатиот новинар и сопственик на „Фокус“, Никола Младенов кој загина вчера во сообраќајна несреќа во близина на Хиподром.
На денешната Комеморација присуствуваа голем број челнови од семејството, пријатели, соработници, колеги, јавни личности од општествениот живот, членови на дипломатски кор, се со цел за последен пат да го испочитуваат делото и творењето на Младенов во новинарскиот бизнис.
„Најбитна му беше слободата. Постојано повторуваше колку новинарите се послободни, толку се поодговорни во она што го работат. Ќе се обидеме да ги промениме условите во медиумскиот бизнис, да ги подигнеме стандардите обидувајќи се она што е европска вредност да го пренесеме на македонско тло“, рече неговата сопруга Билјана Младенова.

За Младенов рече дека не бил секогаш разбран и оти се гордеел со тимот на „Фокус“ и со луѓето што работеле таму.
„Во овој момент, кој што не е ништо поразличен од другите, во којшто го тужат „Фокус“ за да покажат дека наводниот Закон за декриминализација на навреда и клевета ги промени работите, нормално требаа да пробаат и да покажат на „Фокус“, изјави сопругата на Младенов. Ниту 50.000-те илјади евра што ги плати“, додаде таа, ниту овие три по 25.000 немаше да го уништат. „Фокус ќе постоеше.
„Тој секогаш кажуваше дека „Фокус“ не е Никола, „Фокус“ е тимот луѓе што го прават. Никола е еден човек што своето мислење го кажува преку еден уводник неделно“, рече Билјана Младенова.
Никола Младенов, како што кажа неговата сопруга, се бореше во интерес на демократијата, во интерес на Македонија. – Јас барам во овој момент со еден аплауз да му се заблагодариме за се она што направи во медиумскиот бизнис, рече Билјана Младенова.    
Неговиот колега и пријател Синиша Станковиќ се присети на нивното дружење и работа во новинарството и како што рече „Никола никогаш не бил новинарче, туку новинариште“.
„Малиот Николче, со кого се дружевме во детството израсна во новинариште, педесет килограми нерви и метар и половина инает. Инает за Македонија да биде слободна земја. Сопругата Билјана и неговите две девојчиња треба да бидат горди, имаат со што да се гордеат“, изјави Станковиќ.
На комеморацијата говореа и Мимоза Ристова, колумнист, Насер Селмани, претседателот на Здружението на новинари, од името на редакцијата „Фокус“ се обрати новинарот Саше Димески, а пригодна реч имаше и Тамара Чаусидис, претседател на новинарскиот синдикат.

Никола Младенов загина во сообраќајна несреќа во близина на Скопје, кај населбата Хиподром кога возилото со кое се превезувал излета од патот.Со долг аплауз и солзи во очите беше одржана Комеморација за трагично загинатиот новинар и сопственик на „Фокус&

Пронајдете не на следниве мрежи: