ФОТО: Болното дете од Босна отиде во Париз, Ибрахимовиќ одби да го види!

Тешко болното дете Хајрудин Камењаш со неговата мајка пристигнал во Франција да го види славниот фудбалер, кој не се појавил на ниту една од неколкуте договорени средби.Напаѓачот на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ не се појавил на ниту еден од договорените термини за средба со болното дете од Босна, Хајрудин Камењаш.
Момчето неодамна изрази желба  да го види Ибрахимовиќ, но поради тоа што шведскиот напаѓач не можел да допатува во Босна, му испрати дрес како подарок. Дресот го донела Теа Рекиќ.
Теа со челниците на ПСЖ договорила средба во Париз со Ибрахимовиќ, а покрај Хајрудин во главниот француски град отпатувала и неговата мајка. За жал, Ибрахимовиќ не успеал да најде време и да го види момчето.
-ПСЖ обезбеди место во ВИП ложата и возач за нас. На аеродромот во Париз не пречека возачот и не одведе на мечот на ПСЖ со Лориент (овој меч беше одигран на 1-ви ноември). Меѓутоа Златан не играше, како што ни рекоа поради повреда, а потоа на полувремето не известија дека не е ниту на трибините. Го бараа од клубот, но не се јавуваше на телефонот.  Нам ни ветуваа од клубот дека во сабота, на 2-ри ноември ќе организираат средба на Златан со Хајрудин. Вечерта не чекаше порака да дојдеме утредента на тренингот во 9:30, изјави Теа Рекиќ.
Меѓутоа, следел нов шок за Хајрудин.
-Дојдовме на тренингот, играчите почнаа да пристигнуваат, но Златан го немаше. Велеа дека е кај физиотерапевт. Потоа ни рекоа дека ќе стигне до 14 часот и да чекаме. Во меѓувреме го обиколивме Париз, Хајрудин беше се повеќе изморен, но сакаше да го види Златан. Меѓутоа, од средбата со фудбалерот ништо. Се вративме во хотелот. Вечерта дознавме дека Златан тој ден бил да го гледа тенискиот меч на Новак Ѓоковиќ со Роџер Федерер. Бевме наивни, Хајрудин го чекаше, а тој гледа тенис, раскажува Рекиќ.
 Извр:kurir.mkНапаѓачот на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ не се појавил на ниту еден од договорените термини за средба со болното дете од Босна, Хајрудин Камењаш.

Пронајдете не на следниве мрежи: