Фото: Да немаше Охрид езеро…

На Петре од Пешчани му ѕвонит сатот, 4 ипол насабајле, петелот од комшите уште спијат.. За доручек имат уште тро манџа од вчера, салата со кромидче и една утринска ракија со кафе. Василка веќе во 4 беше станата да му го наместит за Петре доручекот.. После доручекот одет заедно во шталата, кравите бараат јадење, прасињата да добиет сточно, кокошките жито…Започна нов работен ден во Пешчани..
Петре го палит тракторот, денес требит на нива да се ојт, да се берит сено, да се садит жито, да се фрлит гној..Петре возит, Василка седит над колцето…нивата им е 5км оддалечена накај Трпејца..
 “Еххххххх мори Василке„ велит Петре, “наместо нивишчава да имавне едно езерце ко Преспансконо овде шубо ќе беше, налето ќе се шлакавне во водана, а сега се пржиме на 50 степени„
Комшијата на Петре, Наумче бил на печалба во Скопје, па собрал некој динар и наместо жито тој посадил портокали и маслинки, убаво му ојт бизнисот.. имат тој една ќерка, Лихнида… па Петре и Василка се борет да се м`жит за нивниот син Климе..
Ама Наумче несакал…барал зет во Битола или Скопје за неа…а уште поарно да бил од странство…ама кој странец идит во Охрид… немат ништо освен ниви и планини…
Пешчани немат ништо, обично село, една коперација и толку.. Охрид имат барем 3-4 кафичи за младите… Пиво е 30 денари, кафе турско 20 денари и толку.. Туристи немало и немат ни да имат во Охрид, не е град за туристи…ова е град за  доживотна работа по ниви… Сите гости одет во Ресен и Преспа, ама таму едно пиво е 80 денари имат разни кафичи и ресторани… ама за Петре и Василка е прескапо таму.
Извор. ohrigani.mkВасилка веќе во 4 беше станата да му го наместит за Петре доручекот.. После доручекот одет заедно во шталата, кравите бараат јадење, прасињата да д

Пронајдете не на следниве мрежи: