Фото: Девојката од Косово, фаворит на изборот за Мис на светот!

Обложувалниците поврзани со изборот за Мис на свет одредуваат дека од сите девојки од регионот, најдобро котира Антигона Сејдиу.За изборот кој ќе се одржи на 28 септември веќе се објавени листите на обложувалниците кои одредуваат одреден пласман на натпреварувачките.
Популарната страница „Oddschecker“која ги собра статистиките од различни обложувалници, покажува каква е моменталната состојба иако резултатите од ден на ден се менуваат.
Според обложувалниците од земјите во регионот најдобро котира Антигона Сејдиу од Косово која во моментов се наоѓа на 11 место. Зад неа е хрватската убавица Лана Гржетиќ, која се наоѓа на 21 место. Неколку места подолу се наоѓа Мис Србија, Александра Докниќ која е на 46 место, па Мис Босна и Херцеговина, Сандра Гутиќ која се наоѓа на 59 место. Нашата претставничка  Кристина Спасеноска се наоѓа на 72 место, а на 99 место се наоѓа Мис Црна Гора, Ивана Милојко. Дури на 103 место се наоѓа Мис Словенија, Маја Котиќ.
Погледнете ја галеријата на: ТЗМ.МКЗа изборот кој ќе се одржи на 28 септември веќе се објавени листите на обложувалниците кои одредуваат одреден пласман на натпреварувачките.

Пронајдете не на следниве мрежи: