ФОТО: Дупка во центарот на Скопје проголта Германски овчар

ФОТО: Дупка во центарот на Скопје проголта Германски овчарТри дена поминале пред да биде најдено кучето Рекс, за среќа живо, на само неколку метри од својот газда, паднато во дупка кај напуштена куќа. Општинската власт крева раце и велат дека не се надлежни за дупки на приватен имот, иако куќата е веќе распадната, а не се знаат ни наследниците.
Три дена ни трага, ни глас од волчјакот Рекс, кој можеби повеќе од 10 години го чува автосервисот зад зградата на поранешна НИП Нова Македонија” во центарот на градот.
Изминатите денови кучето шетајќи низ околината, нему добро позната, паднал во отворена, 2-3 метри длабока, дупка до напуштена куќа, каде што бил заробен цели три дена. Газди на песот се сопствениците на сервисот за автомобили и мотори, кои и го спасија.
Волчјакот Рекс е култно и мирно куче, кое ретко кој скопјанец кој поминал низ овој дел на градот не го знае, а повеќе од десетина години деновите ги поминува со мајсторите и бројните муштерии во сервисот.
За среќа, еден од вработените од околните фирми наслушнал дека некое куче квичи. Тој во прв момент помислил дека станува збор за некое повредено куче, бидејќи криковите што ги испуштало звучеле како барање помош, па почнал наоколу да го бара.

 
Сепак, се изненадил кога го здогледал кучето Рекс, кое добро го познавал, како заробен во дупка стои беспомошно. Тој веднаш ги повикал сопствениците да им каже дека го нашол нивното куче и дека треба да најдат начин како да го извадат оттаму, бидејќи дупката е длабока, а отворот таман толкав за да пропадне некое животинче или човек.
– Бев надвор кога слушнав како квичи некое куче. Криците на кучето звучеа како да моли за помош. Веднаш почнав да гледам наоколу за да слушнам од каде доаѓа тој звук. Наидов на отворена дупка, таман толку за да пропадне некое животинче или не дај боже, човек. Го видов кучето Рекс, кое го знам долго време како моли за помош да биде изваден. Веднаш отидов и им кажав на сопствениците дека го најдов кучето во дупка – вели Хари К.
Штом забележале дека го нема кучето, сопствениците веднаш започнале да го бараат, но од него немало ни трага, ни глас. Тие не можеле ни да замислат дека нивниот миленик се наоѓа во дупка длабока два метри на десетина метри од нивната работилница.
Кога го најдоа, покрај дупката веднаш дојдоа сопствениците, се собраа неколкумина граѓани кои работат и живеат во близина за да му помогнат на Рекс да излезе оттаму.
Единствен начин за да го извадат беше некој да се симне долу во дупката, да го крене кучето, а другите одозгора да го фатат и да го извлечат. Така и направија, па по три дена во дупка, без вода и храна, волчјакот Рекс беше на слобода и штом го извлекоа, тој истрча да се напие вода.
– Три дена го бараме, никаде го немаше. Не можевме ниту да претпоставиме дека е паднат во дупка. Најважно е дека го најдовме и дека не е повреден – вели среќниот сопственик.
Дупките не се реткост во Скопје. Ги има низ целиот град, особено кога, како во овој случај, куќата е напуштена, а никој не презел одговорност да го заштити местото за да не се повреди некој или пак, оставена е отворена шахта, а во најголем случај дупките останале при градење некој објект.
Луѓето и животните може да настрадаат најчесто навечер, кога не се гледа убаво. Пред неколку години крава пропадна во шахта, па беше извлечена со кран поради нејзината тежина. Но, има и голем број граѓани кои пропаднале во отворените дупки и поминале со скршеници на рацете и нозете, а некои завршиле и со смрт.
За случајот со волчјакот Рекс од Општина Центар посочуваат дека тие не се надлежни за санирање на дупките што се наоѓаат на приватен имот.
– Нашите служби за санирање дупки постојано се на терен, но тие немаат надлежност да ги санираат дупките кои се наоѓаат на приватен имот, туку само оние на сервисните улици и на тротоарите – велат од Центар. Соседите, пак, велат некој треба да одговара. Ако општината не е надлежна, тогаш нека ги најде наследниците на куќата и да побара да ја затворат дупката која е закана за безбедноста на граѓаните.
Извор: ShiloТри дена поминале пред да биде најдено кучето Рекс, за среќа живо, на само неколку метри од својот газда, паднато во д

Пронајдете не на следниве мрежи: