Обожавателите на „Елитни одреди“, на социјалните мрежи се обидуваат на најгнасни начини да ја омаловажат Николија и ѝ упатуваат многу навреди.Изгледа дека најголемите фанови на „Елитни одреди“ на можат да се помират со фактот дека Реља Поповиќ е во врска со Николија Јовановиќ, како и новоста дека тие очекуваат принова, па на социјалните мрежи на најодвратни начини ја навредуваат пејачката, па дури и се закануваат со смрт!
Откако Николија на својата Фејсбук страница ја објави насловната страница на која таа и Реља заедно позирале, пристигнаа низа коментари кои во главно ги пишувале тинејџерки, кои не бирале зборови на кој начин ќе ја навредат Николија.
Заканите со смрт беа отстранети, додека корисниците успеале со скриншот да сочуваат неколку навредливи коментари. Од друга страна, постоеја и мал број нормални корисници кои оваа вест ја прифатиле како што треба, па на младите им ги честитале убавите вести.
Изгледа дека најголемите фанови на „Елитни одреди“ на можат да се помират со фактот дека Реља Поповиќ е во врска со Николија Јовановиќ,



