Фото: Го знаете ли мостот на љубовта во Скопје?

Во многу европски градови постои Мост на љубовта. Знаете ли дека и нашиот главен град има свој Мост на љубовта?На мостот кај МАНУ, кој го носи името Мост на револуцијата, се поголем број млади двојки својата љубов ја одбележуваат со заклучување на катанец на оградата од мостот.
Така, на едната страна, на средината на мостот, може да се забележат поголем број закачени катанци, а повеќето од нив се изгравирани со имиња, срциња или датум, објави порталот Убавина и здравје.
Вакви мостови каде што катанците се закачуваат како симболи на љубовта се веќе подолго време се на туристичките мапи на европските метрополи, па така во Чешка, Франција, па и Кина, Тајланд, Уругвај има вакви мостовите чии огради се цели прекриени со катанци.
Најпознатиот мост на љубовта Мостот на уметноста, се наоѓа во Париз, а неговите две огради се зафатени со катанци на парови од целиот свет, па затоа ова место се смета за едно од најромантичните во светот.
Корените на овој обичај на закачување катанци датира многу одамна и прв пат се појавил во Кина, а денес е проширено во целиот свет.
Потеклото на овие катанци и нивните бескрајни љубовни пораки е таинствено.На мостот кај МАНУ, кој го носи името Мост на револуцијата, се поголем број млади двојки својата љубов ја одбележуваат со заклучување на катанец на

Пронајдете не на следниве мрежи: