Ракометарот Гоце Георгиевски, кој на Светското првенство во Катар покажа зошто важи за едно од нашите најдобри крила веќе е решено – налето ќе се жени. Тој и неговата избраничка Симона со која пред да се сврши бил во врска четири години свадбата веќе ја имаат закажано за 6 јуни, а на прославата ќе присуствуваат околу 300 гости, меѓу кои ќе бидат и сите ракометари, пишува Вечер.
-Ја побарав Симона за жена минатата година, но поради обврските околу ракометот решивме свадбата да ја правиме во јуни. Ресторанот е закажан, а полека почнавме и со подготовки. Ќе имаме многу гости, а нормално дека ќе бидат поканети и колегите од мојот клуб и репрезентацијата”, откри Гоце за ВЕЧЕР, кој вчера пристигна од Доха.
Симона има 23 години и не се занимава со јавна професија.
-Си работи сопствен бизнис и не сака да се експонира јавно. Заедно сме неколку години и уште кога се запознавме, знаев дека таа е жената со која сакам да го поминам остатокот од животот”, вели ракометарот и додава дека најголемата поддршка од трибините ја добива токму од саканата која го бодри на сите важни натпревари.Тој и неговата избраничка Симона со која пред да се сврши бил во врска четири години свадбата веќе ја имаат закажано за 6 јуни, а на прославата ќе



