Фото: Хотели достојни за агентот 007

Новиот роман за тајниот агент 007 Џејмс Бонд „Соло“, започнува со сцена во лондонскиот хотел Дорчестер.Така се продолжува и традицијата за тајниот агент која вклучува некои од најдобрите светски хотели.
Да се потсетиме на оние незаборавните:
1. The Peninsula –  Хонг Конг

The Penisula и нивниот возен парк, сочинет од „Rolls Royce Silver Shadow“моделите, се појави во „Човекот со златен пиштол“(The Man with the Golden Gun со Роџер Мур во главната улога.
Во филмот, Бонд ја следи Андреа Андерс од Макаа до Хонг Конг, а потоа престојува во соба 602. Глумците и ангажираните работници за овој филм исто така престојувале во овој хотел.
Цената за сместување во овој хотел изнесува 603 долари од ноќ.
2. New Otain Токио

„Само два пати се живее“ (You Only Live Twice) од 1967-ма година го прикажа и „New Otain“хотелот како седиште на „Osato Chemicals“
Хотелот го изградил бившиот сумо борач Јонетаро Отани во 1964-та година, исто така тој е познат и по одличните ресторани и огромните јапонски градини.
Цената за сместување во овој хотел изнесува 303 долари по ноќевање.

 
3. One and Only Ocean Club Бахами

Во филмот „Casino Royale“, Бонд девојката Соланж доаѓа во одморалиштето и тоа во вилата 1085.
Имотот се појавува во текот на целиот филм. Сега Ocean Club ресторанот нуди Casino Royale коктел – комбинација од вотка, џин и вино.
Цената за сместување изнесува 555 долари за ноќевање.
4. Хотел Cipriani, Венеција, Италија

Даниел Крејг како Џејмс Бонд ја закотви својата јахта во приватната марина на хотелот во филмот „Casino Royale“.
Снимателите оваа сцена ја снимаа од ресторанот Cipriani. Целиот тим кој работеше на овој филм отседна во овој хотел.
Цената за сместување во овој хотел изнесува 1.457 долари по ноќевање.

 
5. The Langham, Лондон

Во филмот „Златно око“ (Golden Eye), првиот Џејмс Бонд кој не е заснован на романите на Јана Флеминг, овој лондонски хотел ја има улогата Grand Hotel Europa од Санкт Петерсбург.
Овој хотел е изграден 1865-та година, а играше и во филмот „Winning London“ со Мери Кејт и Ешли Олсен.
Цената за сместување во овој хотел изнесува 454 долари по ноќевање.
6. Hotel Atlantic Kempinski Хамбург, Германија

Бонд трча по прочуениот кров на Atlantic Kempinski хотелот во филмот „Tomorrow Never Dies“а неговата фасада може често да се види во текот на филмот.
Пирс Броснан кој ја одигра улогата на агентот 007 во овој филм, отседна во Аталантик апартманот.
Цената за сместување во овој хотел изнесува 213 долари по ноќевање.

 
7. Taj Lake Palace Удаипур, Индија

Овој индиски хотел во филмот представува собирно место на Октопусите во истоимениот филм, а можат да се видат трпезаријата, терасата и хотелската баржа, и тоа во повеќе сцени.
Во повеќе сцени е прикажан и базенот на Хотелот, односно како во него уживаат Октопусите.
Цената за сместување во овој хотел изнесува 446 долари по ноќевање.
8. Fontainebleau Мајами, Флорида

Во филмот „Goldfinger“овој огромен хотел (најголемиот на источниот брег на САД) се појавува во воведната сцена.
Бонд девојката Џил Мастертон е пронајдена мртва во хотелот прекриена со златна фарба.
Овој хотел се појавува уште во неколку филмови како „Телохранител“ „Полициска академија “; и „Дупка во глава“.
Цената за сместување во овој хотел изнесува 300 долари по ноќевање.

 
9. Hotel Cala Di Volpe, Сардинија

Во „The Spy Who Loved Me“Роџер Мур како Бонд ја заведува КГБ агентката Амасова во пијано барот.
“Cala di Volpe8221“ е првиот хотел изграден на Коста Смералди, популарното летовалиште, а негови гости биле и Хајди Клум и Дензел Вашингтон.
Цената за сместување во овој хотел изнесува 763 долари по ноќевање.
10. Four Seasons Hotel, Лондон

Во воведната сцена на филмот „Skyfall“Бонд плива во својот базен на кровот на хотелот.
Стаклените ѕидови овозможуваат прекрасен поглед на Лондон, но бидејќи овој хотел играше улога на хотел во Шангај, самите прозорци беа затемнети поради снимањето.
Жешката сцена од туширањето е снимена во соба 712.
Цената за сместување во овој хотел изнесува 273 долари по ноќевање.Така се продолжува и традицијата за тајниот агент која вклучува некои од најдобрите светски хотели.
Да се потсетиме на оние незаборавните:

Пронајдете не на следниве мрежи: