Фото: И плаќаат за да ја гледаат како јаде, а таа тежи 190 килограми!

Триесет годишната Џенифер вели дека ја нашла работата од соништата. Таа е „plus-size“ модел. Странците и плаќаат за да ја гледаат на интернет додека јаде.Џенифер доаѓа од Бостон. Луѓето и плаќаат за да ја гледаат како јаде и се дебелее. Оваа 31-годишна девојка тежи 190 килограми, а обемот на нејзиниот бут е околу 110 сантиметри.
Додка сурфала на интернет нашла страница на која се собираат љубители на дебели луѓе, главно жени, кои им плаќаат за да гледаат во живо како јадат.
Џенифер се одлучила да се обиде и станала професионален „ plus-size“ модел. Просечно, по 15 часа на ден се снима со камера и јаде различни намирници. Колку е потешка, толку заработката е поголема, па не е ни чудно што веќе има 190 килограми.

„Најмногу уживаат да ми ги гледаат рацете“
– Мојата најголема предност се бутовите и стомакот, но луѓето најмногу уживаат во гледањето на моите раце, вели таа. Почнала да работи за пари и сфатила дека со оваа работа може конечно да биде тоа што е.
„Храната е мојата најголема радост“
– Од детството се борам со дебелината. Бев несреќна, а сега уживам. Храната е мојата најголема радост и не можам да замислам подобра работа од оваа, рекла Џенифер. Свесна е дека си го нарушува здравјето, но нема намера да престане.
– Побрзо би умрела млада, отколку да се вратам во светот на маките, осудувањата и безнадежноста, додала таа.
Извор: think.mkЏенифер доаѓа од Бостон. Луѓето и плаќаат за да ја гледаат како јаде и се дебелее. Оваа 31-годишна девојка тежи 1

Пронајдете не на следниве мрежи: