Фото: Изненадување за Николас Кејџ кога ја виде оваа фотографија

Холивудскиот актер Николас Кејџ навистина бил изненаден кога видел своја фотографија на насловна на српски учебник. Холивудскиот актер Николас Кејџ неодамна дознал дека негова слика се наоѓа на насловната страница на српски учебник по биологија за осмо оделение, фотографија која подолго време кружи на социјалните мрежи.
Таа информација му ја кажала новинарката Наталија Милетиќ, која со него разговарала за време на 63. издание на Филмскиот фестивал во Берлин.
Таа му го покажала учебникот и го прашала што мисли за тоа?

 
„Не знам зошто сум на насловната на учебник по биологија. Не знам која е заднината на таа приказна, но сликата е убава. Холи и јас изгледаме добро на таа фотографија“, одговорил Кејџ.
Холивудскиот актер Николас Кејџ неодамна дознал дека негова слика се наоѓа на насловната страница на српски учебник по биологија за осмо оделение,

Пронајдете не на следниве мрежи: