Фото: Како пензионерите го поминуваат викендот на Водно?

Пензионерите отсекогаш знаеле како да си го поминат сончевиот ден, посебно ако решат да одат во парк или на Водно.
Кога е во прашање трпезата, не смее да се изостави салатата со јаката бела или жолта домашна ракија донесена директно од подрумот на старите. 
Вкусните колачиња од бабата исто така треба да се на трпезата, за нејзините пријателки, а и нивните мажи да ги пробаат и да и споделат коплименти, за подоцна да може да си разменуваат рецепти, додека дедовците играат шах под дебелата сенка, зборуваат за процесот на правење на ракија, за случувањата во земјата, за фудбал или некој друг спорт, за случувањата во нивната младост и сето тоа во друштво на чашката ракија.  
Откако сонцето ќе се појави, пензионерите дефинитивно максимално го користат бесплатниот превоз до Водно и знаат да си ги живеат своите пензионерски денови, доказ за тоа е и оваа фотографија. 
 
 Пензионерите отсекогаш знаеле како да си го поминат сончевиот ден, посебно ако решат да одат во парк или на Водно.

Пронајдете не на следниве мрежи: