Фото: Како се подготвуваат Накова, Сара и Франц за „Танц со ѕвездите“?

Почнаа подготовките за „Танц со ѕвездите“…Погледнете како се подготвуваат Александра Накова, Сара и Франц!Наде Миленкова, која минатата сезона воодушеви како танц-ментор на актерот Васил Зафирчев, во „Танц со ѕвездите 2“ ја има задачата да научи Владимир Крстевски – Франц од „Нокаут“ на сите видови на танци. Франц и Наде од раните утрински часови вежбаат во Македонската радио телевизија и во просториите на „Прима данца“.

Франц и Наде 

 
Ништо помалку време за подготовки не посветуваат ни пејачката Сара Костадиновска и нејзиниот партнер Мишо Спасовски. Мишо, кој претходната сезона танцуваше со ракометарката Андријана Будимир, веќе ги сподели повеќето тајни со Сара, а од нив се очекува да изненадат со многу интересни потези.

Сара и Мишо 

 
Најголема желба за победа сигурно има танчерот Илија Карадаковски, кому минатата сезона заедно со Марјана Станојковска за влакно му побегна победата. Илија и овој пат има згодна и провокативна партнерка. Манекенката Александра Накова наводно толку се посветила на пробите и подготовките за шоуто, што дури и раскинала со своето момче, поради неговата слаба поддршка и разбирање.

Накова и ИлијаНаде Миленкова, која минатата сезона воодушеви како танц-ментор на актерот Васил Зафирчев, во „Танц со ѕвездите 2“ ја

Пронајдете не на следниве мрежи: