Фото: Каква долна облека носат Македонките?

Долната облека е една од најважните работи кога е во прашање изгледот и сексипилот кај жените. Различни жени сакаат различен тип на долна облека. Сте се запрашале ли каква долна облека сакаат да носат Македонките? 
Се сетивме да посетиме неколку продавници за долна облека во главниот град и да прашаме што најмногу им се продава и што сакаат Македонките да купуваат кога е во прашање долната облека. 
Многумина посочија дека обичните црни и бели push up градници се најпродавани, а често се купуваат и црно бели комплети односно гаќички и градник во истите бои. 

По обичните градици во црна и бела боја, Македонките сакаат да купуваат и градници во разни бои исто така push up. Ретки се оние кои сакаат да купуваат целосно чипкани градници, но се продаваат оние градници кои имаат барем малку чипка на врвот од градникот или пак прерамките. 
Градници со најразлични монистри или други апликации се најмалку продавани, но сепак присутни во плакарот на Македонките. 
Од гаќички не информираа дека Македонките сакаат претежно обични гаќички, а веднаш по нив ги сакаат тангите. Без разлика дали е чипкана или обична, црна или бела, црвена или зелена, Македонките сакаат да имаат повеќе танги во својата колекција на долна облека, кои ќе им се најдат за најразлични прогоди. 

Женските боксерици се најмалку продавани. Но, кога се работи за секси комплети за девојки, тие сепак се присутни во колекцијата на долна облека на девојките. Секоја девојка сака барем еден секси комплет во својот ормар. 

 
Ова мало истражување покажа дека девојките во Македонија сакаат да купуваат обична долна облека во која се чувствуваат пријатно и сексипилно. 
Различни жени сакаат различен тип на долна облека. Сте се запрашале ли каква долна облека сакаат да носат Македонките? 
Се сетивме да

Пронајдете не на следниве мрежи: