Фото: Какви миленичиња сакаат хороскопските знаци?

Астрологијата зане да ви помогне и при избор на милениче. Еве кој миленик најдобро ви одговара на вашиот карактер гледано преку хороскопотОвен
На енергичниот Овен му треба енергично куче. Всушност, потребен му е миленик кој ќе се прилагоди на неговите бројни обврски, било тоа да е куче, игуана или папагал. Овните се импулсивни, па е веројатно дека ќе донесат импулсивна одлука кога ќе го избираат својот домашен миленик.
Бик
Биковите сакаат да се мазат, па затоа им е потрбен нежен и верен миленик. Ако се одлучат за мачка, подобро е да ја набават додека е се уште мала, за да се прилагодат. Биковите уживаат и во работата со животните од фарма, а се и одлични ветеринари.
Близнаци
Комуникативноста е најсилно оружје кај близнаците, затоа комуникативниот и забавен домашен миленик би бил идеален за нив. Еден од тие животни е папагалот, особено оној вид кој лесно учи да зборува. Близнаците на своите миленици им посветуваат многу внимание, затоа им одговараат енергични видови со кои ќе се забавуваат.
Рак
Ракот сака да се чувствува сигурно и многу е поврзан со своето семејство, па затоа за него идеален домашен миленик е верно куче или мачка, кои секогаш ќе бидат тука. Одредени видови одлично се сложуваат со деца, па за Раковите би било добро да имаат златен ретривер.

 
Лав
Самиот Лав е наклонет кон минијатурна верзија на себе – мачка. Сепак, соодветен домашен миленик за Лавот би бил папагал, на пример ара или какаду. Лавовите се насочени кон семејството и секогаш пред се ќе изберат миленик во кој ќе ужива целото семејство. Поради тоа сакаат и кучиња, како кокер шпаниел или златен ретривер.
Девица
Девицата секогаш сака да им помогне на сите, па така и на животните. Неретко се случува припадниците на овој знак да вдомат напуштени животни. Одлично се сложуваат и со големите кучиња и со малите мачки. Имајте на ум дека е потребно време миленикот да се привикне на вас, но кога добро ќе се запознаете, сигурно одлично ќе се сложувате.
Вага
На Вагите пред се им е потребен мир и хармонија. Имајќи в предвид дека природно ги привлекуваат убавите работи, ќе им се допадне кокер шпаниел, сијамска мачка или птици со убави перја.
Шкорпија
Скорпиите се емотивни и таинствени, па затоа им е потребен и таков миленик. Змија, тарантула или дури и скорпија лесно би можеле да се најдат во домот наприпадниците на овој знак. Сепак, Скорпиите најчесто избираат кучиња, особенохаска или германски овчар. Исто така, сакаат и мачки, бидејќи се самостојни и непредвидливи.

 
Стрелец
На Стрелците најдобро им одговараат кучиња – разиграни, весели, опуштени и секога подготвени за авантура. Меѓу нив се златниот ретривер, ши-цу или ласа апсо.
Јарец
Типичниот јарец секогаш е во трка за кариера и ретко е дома, затоа неговиот идеален домашен миленик не би требало да бара многу време. Риби, желки или папагал се идеални миленици за Јарецот.
Водолија
Познато е дека Водолиите се ексцентрични, па затоа необичните и егзотични домашни миленици се вистински избор за нив. Жаби, игуани, разни глодари или желки се домашни миленици кои ќе го задоволат вкусот на Водолијата.
Риби
Рибите се емотивни и многу поврзани со своите домашни миленици. Тие својот живот максимално го подредуваат на животните и им ја нудат сета своја љубов. Рибите  немаат идеален домашен миленик, бидејќи тие се прилагодуваат на секое животно.
think.mkОвен
На енергичниот Овен му треба енергично куче. Всушност, потр

Пронајдете не на следниве мрежи: