Најверниот но и најгласен навивач на „Докторите“ убедливо е братот на Урош Туркулов, 1о годишниот Лука. За време на снимањето на емисијата Х Фактор, малиот Лука секогаш е најгласен, но и најомилен на натпреварувачите, а и на публиката.„Лука сите го знаат, тој е многу сладок но и многу гласен. Кога од публиката ќе се чуе „Докториии“, знаеме дека тоа е тој. Сите кандидати знаат колку е гласен, и бараат од него и нивните имиња да ги извикува во текот на снимањето“, вели Урош.
За време на рекламите на шестото по ред лајв издание на Х Фактор, Лука со своето навивање заслужи да го повикаат на сцената, а кога се качил на бината сите натпреварувачи се собрале околу него и го кренале во вис.
„Ние сите го сакаме малиот Лука, да не е он на трибините ова лајв издание никогаш не би било исто. Остави посебен впечаток на сите нас,“ вели Марко Балабановиќ.
Со ова се согласуваат и останатите „Доктори“ кои откриваат дека Лука е близок и со останатите натпреварувачи, па после излегувањето на Харис, Лука заедно плачел со него зад сцената. „Лука сите го знаат, тој е многу сладок но и многу гласен. Кога од публиката ќе се чуе „Докториии“, знаеме дека тоа е тој. Сите к



