Илјадници луѓе ширум светот на социјалните мрежи ја споделија фотографијата од девојката „Рехаеа“ или „Ангелот на Кобане“, која стана симбол за отпор против Исламската држава. Но, што навистина знаеме за неа?„Рехана“ или „Ангелот на Кобане“ – девојка во униформа, стана симбол на отпорот против злогласните џихадисти на Исламската држава. Нејзината фотографија ја пренесоа светските медиуми, а луѓето масовно ја споделуваа по социјалните мрежи. Но, од каде всушност пристигнува таа фотографија, се запраша ВВС.
Факт е дека девојката е фотографирана на еден собир на волонтери, кој се случил во Кобане, на 22 јуни.
Единствениот странски новинар кој бил таму, е Швеѓанецот Карл Дрот, кој накратко разговарал со таа девојка пред церемонијата. Тој тврди дека таа не била никаков борец од првите редови, туку дека волонтирала во полицијата во Кобане. Според неговото мислење, тешко дека таа убила стотици џихадисти на ИД.
„Таа ми пријде и ми рече дека студирала право во Алеп, но дека припадниците на ИД го убија нејзиниот татко и дека затоа се приклучила во борбата кон џихадистите“, вели Дрот и додава дека подоцна повторно се обидел да стапи во контакт со неа, но не успеал. Името „Рехана“ подоцна почнало да се спомнува и тоа не е вообичаено курдско име.
Неколку месеци подоцна, на 5. октомври, почнаа да кружат гласини дека оваа девојка е убиена од страна на исламистите. Влијателниот твитерџија Саудиец, познат како @alfaisal_ragad, објави дека еден од џихадистите и` ја отсекол главата.
Иако и многу други исламисти се јавија дека е убиена, на 13 октомври се јавија други очевидци дека „Рехана“ е уште жива. Ова исто така е момент кога нејзината приказна повторно стана вирална. И токму поради објавата која е твитувана над 5.500 пати, а чија порака била: „Рехана уби над сто терористи на Исламската држава во Кобане. Тоа ја направи сјајна поради нејзината храброст. И така настана `Ангелот од Кобане`“.
Постои можност дека твитот можеби е про-курдска пропаганда, но интересно е дека не е објавен од курдски профил, туку од страна на индискот блогер Паван Дурани, кој себе си се нарекува активист за права на Хиндусите во Кашмир. Тој објави и многу други слики од курдски жени борци на својот профил на Твитер.
„Таа сите ги освои со своите убави очи и русата коса. Има голем број фанови“, вели курдскиот блогер Рувајда Мустафа. „Сите кои што ги имам сретнато и` се восхитуваат поради тоа што таа го претставува сето она што тие би сакале да го видат, а тоа е мажите и жените заедни да и` се спротивстават на варварската сила во тој регион“, порача тој.„Рехана“ или „Ангелот на Кобане“ – девојка во униформа, стана симбол на отпорот против злогласните џихадис