Фото: Која е најзгодната мисица од Балканот?

Ви ги претставуваме девојките од Балканот кои ќе се претстават на изборот за „Мис на светот“ кој ќе се одржи во Бали на 28-ми септември. Погледнете ги претставничките на Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора и Србија и проценете која од нив е најатрактивна.Босна и Херцеговина ќе ја претставува Санда Гутиќ (19), која студира економија во Австрија. Таа течно зборува англиски, германски и италијански јазик, има кафен појас во карате и не се одвојува од своите куќиња ротвајлер и чивава.

За мис Хрватска е избрана Лана Гржетиќ (18) која сака да стане моден дизајнер. Омилена забава и е јавање коњи, а себеси се пишува како романтична личност на која може да и се верува.

Претставничка на нашата земја е Кристина Спасеноска (21), студентка од Кичево која сака да стане полицајка. Рекреативно игра кошарка и одбојка, а омилено јадење и е Цезар салата.

Црна Гора ќе ја претставува Ивана Милојко (19), која е родена во Котор. Таа студира економија и уметност во Подгорица, објавила книга поезија и најголема желба и е да стане позната писателка.

Маја Цотиќ (24), девојката од Мирена е мис на Словенија. Студира економија и би сакала еден ден да отвори ланец на козметички салони. Како еден од своите најголеми успеси го вбројува тоа што на 10 годишна возраст била првак на Словенија во возење ролерки.

Избраничката на Србија е Александра Докниќ (19) од Пожаревац, студентка на ФОН која е активна во хуманитарни работи.  Таа моментало има најголеми гласови на интернет изборот на мис на светот кој се одвива на Фејсбук. Ако остане на прво место, таа дирекно ќе се пласира во големото финале на „Мис на светот“.
Босна и Херцеговина ќе ја претставува Санда Гутиќ (19), која студира економија во Австрија. Таа течно зборува анг

Пронајдете не на следниве мрежи: