Фото: Крвава свадба од пред 21 година, повод за војната во Босна

Крвава свадба која се случила пред 21 година се смета за повод на почетокот на војната во Босна и Херцеговина. 
Пред точно 21 година, пред Старата православна црква во Башчаршија, Рамиз Делалич уште познат и како Чело си го уби српскиот сват, Никола Гардовиќ, повод за кој што се смета дека беше почеток на војната во Босна и Херцеговина. 
На 1 март 1993 година, беше одржан и референдум за независноста на кој 62,7 % од муслиманите и хрватските граѓани се изјасниле за излез од тогашната СФРЈ. Овој ден се одбележува како „Денот на независноста“. 
Како одговор на ова убиство вооружените Срби таа вечер подигнале барикади низ Сараево, а до 5 март подигнале и барикади во босанско херцеговачките градови Шамац, Дервента и Оџаци. 
Венчавката се случила во 14:30 минути, вохрамот Преображение Господово, а по кратко време сватовите се упатиле на задоцнетиот свадбен ручек. Покрај нив застанало и бело патничко возило марка “голф“ во кој имало четворица криминалци меѓу кои и Рамиз Делалич, познат како Чело. 
Откако излегле од возилото го нападнале таткото на младоженецот Никола Гардовиќ. По кратко време Чело отворил оган и смртно го ранил Никола. Веднаш потоа криминалците избегале, а Никола починал од нанесените рани неколку минути подоцна во амбулантната кола.
Требаше да поминеме само дел од патот од паркингот до црквата, не очекувавме ништо необично, бидејќи само неколку недели порано на истото место е организирана ваква свадба – вели Јован Гардовиќ, син на убиениот Никола. Беа симнати и сватовските обележја, а тоа дека Никола носел народна носија, не е точно. 
Делалиќ се обидел на Никола да му го земе знамето, знамето на Српската православна црква, по што дошло до турканица во сватовската колона.
 Крвава свадба која се случила пред 21 година се смета за повод на почетокот на војната во Босна и Херцеговина. 

Пронајдете не на следниве мрежи: