ФОТО: Ливерпул нема изгубено натпревар откако овој човек се појави на трибините!

Овој навивач за првпат се појави на 21 декември минатата година, на натпреварот помеѓу Ливерпул и Арсенал (2:2).Фудбалерите на Ливерпул не забележале загуба на последните 10 натпревари и тоа откако на трибините се појави навивач облечен како Исус Христос.
Овој навивач за првпат се појави на 21 декември 2014 година.
Пред мечот против Арсенал кој заврши нерешено со 2:2, Ливерпул се наоѓаше на 11-то место на табелата, а потоа почна полека да се искачува на табелата.
Тимот на Брендан Роџерс потоа одигра 10 натпревари и тоа без пораз, а сите натпревари на трибините ги следеше навивачот облечен како исус Христос.
Тој на сите натпревари го носел транспарентот: „Брендан, ти го чувам грбот!“
Ливерпул во моментов се наоѓа на шестото место на табелата во Премиер лигата, заостанувајќи само два бода зад Манчестер Јунајтед.

BREAKING Jésus est revenu sur Terre, à Anfield. Et question miracle, il assure https://t.co/mjSJaj1wgC
— Pierre Godon (@PierreGodon) February 24, 2015
Фудбалерите на Ливерпул не забележале загуба на последните 10 натпревари и тоа откако на трибините се појави навивач облечен како Исус Христос.

Пронајдете не на следниве мрежи: