Фото: Лора во земјата на чудата – Девојка која исчезнува во огледало!

Сакав нешто што делува морбидно и го привлекува вниманието на набљудувачите, вели Лора.Лора Вилијамс (18) прави необични фотографии, а нејзината серија фотографии со огледало на кои таа станува невидлива станаа вистински хит на интернет.

Нејзините фотографии до сега ги прегледале околу 200 000 луѓе и ретко кој го оставија рамнодушен. Серијата со огледалото настанала кога пронашла кружно огледало во куќа на свои роднини.

 

„Замислив да направам фотографија со нешто што дава илузија на невидливост. Сакав нешто што делува морбидно и го привлекува вниманието на набљудувачите“ – вели Лора.

 

Таа признава дека не и било лесно бидејќи била са,ма. „Беше тоа голем предизвик бидејќи бев сама и не беше воопшто лесно да се пронајде вистинскиот фокус. Постојано повторував“ вели Лора.

Таа вели дека сака да ги заинтригира гледачите, на тој начин што нема да сфатат веднаш што гледаат на сликата. Лора ја инспирира нејзината околина, но и соништата кои и се многу живописни и кои ги запишува во дневник.

Инспирацијата може да дојде било кога, а често се случува да не ја барам, туку на некој начин таа да дојде до мене – вели девојката.
Лора Вилијамс (18) прави необични фотографии, а нејзината серија фотографии со огледало на кои таа станува невидлива станаа вистински хит на интерн

Пронајдете не на следниве мрежи: