Фото-Мајка на навивачот: Син ми од натпревар го вратија во ковчег!

Дуле во саботата бил весел, се радувал и скокал, а тогаш  само одеднаш  паднал, раскажува Веселинка Тодоровиќ, чиј син Душан(18) умрел на стадионот.Прво сопругот ми почина пред некоја година. Беше тешко болен, а децата многу ми патеа гледајќи го измачувањето на нивниот татко. Едвај се опоравивме од тоа, а сега ни отиде и Дуле. Во саботата отиде на утакмица жив и здрав, а сега ми го враќаат во ковчег. Боже што се случува. Срцето ќе ми пукне од болка, но морам да го продолжам животот поради браќата на Дуле, Стефан и Никола!
Живеел спортски
Ова вчера за српски Курир го раскажа Веселинка Тодоровиќ, мајка на Душан Тодоровиќ(18), кој во саботата после пладне почина во Иваница на местото што најмногу го сакаше – на трибина на стадионот. Младиот навивач на ФК „Раднички 1923“ од Крагуевац во 54 минута на натпреварот скокнал од радост после изедначувачкиот гол на „Раднички“ во мечот со Јавор, а потоа одеднаш паднал. Другарите се обиделе да го освестат, лекарите го реанимирале околу еден час, но инфарктот бил кобен.

 

Душан кратко уживал во полнолетството. Тој бил четврта година средно училиште во „Тоза Драговиќ“ и по прославувањето на роденденот, после 22 дена починал. Мистеријата околу смртта на Душан посебно се зголемува со фактот дека тој живеел премногу здрав живот.
Бил кикс-боксер, правилно се хранел, не пиел алкохол, никогаш не боледувал. И во саботата отишол со другарите на натпревар сосема нормално, не се жалел на никакви здравствени проблеми.
-Ми кажуваат дека бил весел, скокал , се радувал и одеднаш само паднал. Е, мое дете што не снајде , што ќе правиме без тебе, голтајќи ги солазте раскажува мајката Веселинка додека чекала да го превземе телото на Дуле од болница. Сите биле во шок, семејството, роднините, соседите .
Убедување со полицајците дека на Душан му е лошо
Миленко Маријановиќ, претседател на ФК„Раднички 1923“ , изјави дека наскоро ќе бидат познати резултатите од обдукцијата и потенцира дека првите тегоби Душан почнал да ги чувствува уште пред „Раднички“ да изедначи!
-Минута-две пред постигнување на голот Душан се онесвестил, а потоа следувале убедувања со редарите и полицајците дека на момчето му е лошо, изјавил Маријановиќ.
 КурирПрво сопругот ми почина пред некоја година. Беше тешко болен, а децата многу ми патеа гледајќи го измачувањето на нивн

Пронајдете не на следниве мрежи: