Фото: Македонската естрада се скара на Фејсбук – Елена Ристеска против Сергеј и Боки 13

Откако излезе веста низ медиумите  за тоа дека судијката од „Икс-фактор“, Емина Јаховиќ-Сандал, синоќа ја копирала турската актерка која кај нас е најпозната по улогата на Неџла во серијата „Кога лисјата паѓаат“, продолжија и други коментари…Како тоа да не беше доволно, па продолжија и написите од сличен тип, според кои Емина ја копирала фризурата од македонската пејачка Елена Ристеска.
Стилистот и долгогодишен соработник на Елена Ристеска, Даниел Николовски, сподели фотографија на која ги споредува фризурите на пејачката и на Емина Јаховиќ.
– Каква случајност – пишува стилистот.
Веста за сличната фризура на пејачките и не беше толку интересна, сѐ додека не пристигна и коментарот на стилистот Сергеј Варошлија.

Тој истакна дека таа фризура е негова идеја од 2009 година.
По краткото расправање меѓу Ристеска и Варошлија, свој придонес даде и Боки 13.
Шоуменот, кој до неодамна се судеше со пејачката, не штедеше на навредите кон неа.
Погледнете:

Како тоа да не беше доволно, па продолжија и написите од сличен тип, според кои Емина ја копирала фризурата од македонската пејачка Елена Ристеска.

Пронајдете не на следниве мрежи: