Фото: Мистериозни места на Земјата воочени на Google Maps

Google Maps изминатата година забележа необични појави на површината на Земјата. Ова се само некои од мистериозните места според изборот на  Mashable.1.Чуварот на Бадланс

Оваа природна формација во Алберт, Канада, е позната како “Чуварот на Бадланс“ и потсетува на американски Индијанец кој носи трака за коса. Ако погледнете подобро, се чини како да носи и слушалки, но тоа е всушност пат и нафтовод.
2.Firefox  круг во поле

Firefox  круг во поле во Орегон направиле група на корисници на Линукс од државниот факултет во Орегон во 2006-та година за да обележат 50 милионското симнување на датотеки од овој интернет пребарувач.
3.Остатоци од брод

Остатоци од брод се забележани од Google Maps во Црвено море.
4.Ареа 52

Мистериозниот круг во поле се наоѓа покрај Tonopah Test Rangea во Невада, а е познато под називот Ареа 52. Подрачјето му припаѓа на министерството за енергија на САД и е под посебна воена надлежност.
5.Авион во бои на виножитото

Авион кој прелетал над Rock Hill во САД евоцира бои на виножито кога лета.
6.Северна Кореја

Освен Пјонгјанга, поголемиот дел од Северна Кореја не е видлива на мапата.
7.Симбол на мексикански картел

Буквата “Z”е направена во пустината Коахуили. Таа ја претставува  „Los Zetas“, една од најјаките групи во мексиканскиот картел за криумчарење дрога.
8.Едитирана Калифорнија

Оваа фотографија од улица во калифорнискиот град Глендор има необична порака над зумираното подрачје. Некои теории велат дека станува збор за НЛО.
9. НЛО во Холандија

Структурата која изгледа како НЛО, која слетала на зграда во Холандија всушност така и треба да изгледа. НЛО структурата е поставена како дел од изложба, која после завршувањето на изложбата не е тргната.1.Чуварот на Бадланс

Пронајдете не на следниве мрежи: