Фото: Мрак во Северна Кореја: НАСА објави шокантна фотографија!

Главниот град Пјонгјанг има електрична енергија, сепак, остатокот од земјата чија популација брои 24 милиони, изгледа целосно црно како море меѓу Кина и Јужна Кореја.Фотографијата која ја објави НАСА го докажува она за што веќе од одамна се зборува – дека Северна Кореја е во мрак. И тоа буквално во мрак.
На фотографијата се гледа Северна Кореја, со население од 24 милиони, како црна дупка или темна водена површина меѓу Кина и Јужна Кореја, а единствен исклучок е главниот град Пјонгјанг.

Да потсетиме, во Северна Кореја владее Ким Јонг-ун, неприкосновен лидер во таа изолирана држава.
„Тој од своето најрано детство покажувал знаци на суровост и правел сé што ќе посака – од возење на луксузни автомобили, иако тој бил толку мал што нозете не му достигале до педалите, до претерување со вотка и цигари, но не сакал жени“ – открива Кенџи Фуџимото, најдобар пријател на Ким, со кого израснал, пишува Daily Mail.

„Секогаш груб, често се тепаше со својот постар брат и тетките го нарекуваа „малиот генерал“. Првиот автомобил, блиндиран “мерцедес”, го добил на седмиот роденден. А тој уште обожавал кошарка и холивудски филмови, особено оние со Клинт Иствуд и Џејмс Бонд. На 14 години доби две јахти, а потоа почна и да пуши, а тоа го криеше од неговиот татко, поранешниот лидер на Северна Кореја Ким Јонг Ил. Исто така, на таа возраст го искуси и алкохолот, тој најмногу сакаше руска вотка и можеше да испие сам цело шише – истакнал Фуџимото, додавајќи дека Ким кога имал 18 години, татко му му дозволил да го користи неговиот харем. Фотографијата која ја објави НАСА го докажува она за што веќе од одамна се зборува – дека Северна Кореја е во мрак. И тоа буквално во мрак.

Пронајдете не на следниве мрежи: