Фото: Најстарата баба на Фејсбук

Кога програмерите на Фејсбук ја создавале социјалната мрежа, не ни помислувале дека 105 годишна баба може да посака да отвори свој профил. 
Но Едит Криџмајер од Чикаго, била навистана упорна да отвори профил, преку кој таа ќе ги промовира активностите на невладината организација “Директно олеснување“, која им помага на сиромашните општествено загрозени категории луѓе. Но проблемот бил во тоа што профил можеа да отворат само лица помлади од 103 години, односно оние родени по 1910 година.

Благодарејќи на тоа што програмерите го сменија пристапниот код, Едит веќе доби профил кој ја покажува нејзината вистинска возраст,  а тоа се случи на нејзиниот 105 роденден. Таа во моментов е најстарата корисничка на социјалната мрежа.
Едит стана многу популарна на Фејсбук, а за кратко време доби 28 илјади пријатели, додека страницата на нејзината невладина организација има повеќе од 80 илјади лајкови.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24. Кога програмерите на Фејсбук ја создавале социјалната мрежа, не ни помислувале дека 105 годишна баба може да посака да отвори свој профил. 

Пронајдете не на следниве мрежи: