Фото: Нашата актерка Јелена Јованова се вљуби во свој колега – Погледнете за кој се работи!

За време на ангажманите во Хрватска нашата актерка пронајде нова љубов.Хрватскиот актер Стјепан Периќ и македонската актерка Јелена Јованова се главните ликови од хрватската серија на телевизија RTL „Тајни“. Актерите се во врска веќе два месеци.
„Вистина е дека сме заедно. Среќни сме и заљубени“, потврди Периќ за магазинот Story. Cвојата врска неодамна им ја обелоденија и на пријателите и колегите.

Откако пред десетина дена заврши снимањето на серијата Стјепан и Јелена се неразделни.

За потсетување убавата македонска актерка беше дел од првиот серијал на шоуто „Танц со ѕвездите“ и токму поради ангажманот во оваа хрватска серија на половина се откажа од шоуто, иако беше меѓу фаворитите на публиката.Хрватскиот актер Стјепан Периќ и македонската актерка Јелена Јованова се главните ликови од хрватската серија на телевизија RTL „Тајни“

Пронајдете не на следниве мрежи: